(ВИДЕО) Арсовски: МВР платил 4 милиони евра кон „Веридос“, што јасно покажува дека е прекршен член од рамковната спогодба

Од:

„Трет ден од молкот на СДСМ и Оливер Спасовски за сомнителниот тендер за набавка и испорака на пасоши и документи за лична идентификација е во вредност од над 19,5 милиони евра инаку пасоши и документи за лична идентификација кои треба да се набават во годината 2020 и 2021.

Целата постапка за која што говориме изминативе денови е крајно сомнителна и незаконска и со бројни прекршувања на процедурите за кои што подоцна доколку се отвори постапка од обвинителството некој можеби ќе одговара со кривично дело.

Денеска ќе изнесеме уште една прекршена процедура во целата оваа сомнителна постапка на овој тендер, каде што се работи за милионски криминал. После ова очекуваме да се вклучат и институциите кои го следат и финансискиот криминал во Република Македонија“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, според нашите информации, платени се 4 милиони евра од страна на МВР кон „Веридос“, што јасно покажува дека е прекршен член од рамковната спогодба.

Зошто е прекршен тој член од рамковната спогодба, која исто така е потпишана пред да има избор на носителот на набавката?

Во рамковната спогодба во член 7, на секој поединечен договор што ќе се потпише се исплаќа 20% аванс, а остатокот од износот во рок од 30 дена по испраќање на фактурата од страна на фирмата кон министерството.

Како и да се земе, 20% па и на целата сума од вредноста на обрасците кои чинат 8 милиони евра, е околу 1.6 милиони евра, а како што рековме исплатени се 4 милиони евра, односно доколку процентуално тоа се околу 50% авансно исплатени на фирмата „Веридос“, со што е прекршен законот и членот 7 од рамковната спогодба која што е потпишана помеѓу министерството и фирмата „Веридос“.

Очекуваме брза реакција од институциите. Треба веќе да се разбудат.

Дополнително, да сумираме, најпрвин наместо да се прекине постапката поради истечената важност на понудата, од страна на МВР е зголемена планираната сума за набавката за цели 12.7 милиони евра, потоа во сред постапка се менуваат членовите на комисијата кои и не ја потпишаа јавната набавка, па потоа најпрвин го потпишаа договорот и рамковната спогодба со фирмата „Веридос“, а дури потоа одбраа фирма и донесоа одлука, односно изготвија извештај за донесена одлука и за крај наместо 20% авансно плаќање исплатиле многу повеќе што уште еднаш го прекршиле законот и ја оштетиле државата во милионски суми.

За сето ова мора некој да одговара. Ова е сериозен случај каде што има сериозни индиции на криминал.

Затоа доколку нема до 12-ти април одговорност, одговорноста ќе следи по 12-ти април кога Зоран Заев, СДСМ и Оливер Спасовски ќе ги тргнат канџите од институциите.

Она што е многу важно е Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе нема да и се повторат на Република Македонија и на македонскиот народ“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски