(ВИДЕО) Арсовски: МВР на чело со Чулев го реши „Јавна соба“ за еден ден, додека Спасовски им се смее во лице со денови на жртвите

Од:

„Повторното појавување на случајот „Јавна соба“ е само резултат на неспособноста на СДСМ и на Оливер Спасовски.

Во моментов Министерството за внатрешни работи со кое што управува Оливер Спасовски во жаргонски речник може да се нарече распашана банда. Впрочем ова го говорат граѓаните и секојдневно упатуваат поплаки, но за жал истите поплаки нема каде да стигнат и до кого да допрат“, вели Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Последниот случај на неколку пријави од девојки кои биле жртви на „Јавна соба“ и кои јавно излегоа да говорат за тоа како биле избркани од МВР со образложение дека не можат да им помогнат, дека секое чудо траело за три дена, ќе ги заборавеле и дека немале надлежност, само говори за односот на Оливер Спасовски и СДСМ кон жртвите кои што не се само жртви на неколку илјади пазачи, туку се и жртви на неспособниот систем. Вистината е следна, а тоа е дека не им се работи, а можат случајот да го решат за само еден ден.

Само за споредба, минатата година исто во јануари кога се појави случај со „Јавна соба“ за само еден ден беше расчистен бидејќи со МВР раководеше министерот Наќе Чулев и целото министерство го стави во функција на заштита на жртвите и затварање на групата. И тоа се случи за со еден ден. Денес, кога одат граѓани да пријавуваат злоупотреби поврзани со истиов случај „Јавна соба“ кој што повторно се појави и веќе трае можеби недела дена и повеќе, администрацијата на Оливер Спасовски ги брка.

Граѓаните не се заштитени и не се безбедни со ваков министер и се оставени сами на себе. Затоа изразуваме поддршка за сите граѓани кои се жртви на овој систем на неспособност и ги убедуваме дека се додека е СДСМ на власт, ќе бидат само предмет на злоупотреба“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик