(ВИДЕО) Арсовски: Заради шарлатанството на СДСМ, граѓаните останаа со куси ракави, ништо од ветувањата на Заев и Шеќеринска дека ќе не внесат во ЕУ

Од:

„Цели три години Заев, Шеќеринска, Димитров, Пендаровски не убедуваа дека сите надворешни прашања се затворени. Овие денови нивната политика доживува фијаско на надворешен план.

Што би рекле народски, заради шарлатанството на СДСМ, граѓаните фигуративно останаа со куси ракави, односно ништо од ветувањата на Заев и Шеќеринска дека ќе не внесат во ЕУ.

Жалосно е што трпи целата држава и целиот народ заради егзибициите на тројца-четворица залутани политичари во Владата кои немаат ниту грам одговорност и срам“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да се потсетиме преку едно видео што говореше Шеќеринска во септември 2017-та година. Шеќеринска тогаш ветуваше дека договорот за добрососедство ќе ја движи напред земјата, дека поддршката од нашиот сосед на патот кон ЕУ е огромна и слично, а денес гледаме блокада. Очигледно ветувањата што ги давале Шеќеринска, Заев и останатите биле преголеми за да може тоа да го поднесе бугарската страна, бидејќи биле изневерени.

Затоа, уште еднаш сакаме да прашаме. Што договориле во Берлин, односно што прифатиле, Заев, Димитров, Пендаровски и Шеќеринска?
Која е цената која треба да ја плати македонскиот народ и Република Македонија, заснована на ветувања и распродавањата од страна на Заев и останативе политичари на македонските национални интереси и интересите на граѓаните?

Што прифатиле СДСМ во однос на историјата и историските личности? Дали можеби се откажале од се што е македонско и се поврзува со националниот идентитет врз кои почива, а тоа се историските личности и случувања?

Впрочем, ако се изразиме со неартикулисаниот крик на Димитров, “Срамота е луѓе” што криете од сопствениот народ што сте се договориле и што сте ветиле.

Оваа блокада е единствено вина на неспособната, пазарџиска и шарлатанска политика на меѓународен план на СДСМ и Заев.

Затоа е потребна Влада на национален спас и тоа веднаш, за да не испере од овој срам кој ни го нанесоа СДСМ“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче