(ВИДЕО) Арсовски: Лажгото Заев втор ден бега од одговор што точно понуда пратил до Бугарија

Од:

„Лажгото и лопов Зоран Заев се уште не и одговори на јавноста што понуда е пратена до соседна Бугарија. Коалициониот партнер на Зоран Заев јавно посочи дека е пратена нова понуда до бугарската влада и се чека одговор од нивна страна.

Зоран Заев да не се крие зад слаткоречиви изјави, кои подоцна граѓаните ги чинат одредена национална светост. Неговата „патлиџан” дипломатија ја донесе Република Македонија до ќорсокак од кој што нема излез.

Дали во понудата покрај распродавање на сите национални интереси и историја, стои и распродавање на државниот удел во приватните компании и државните компании на бугарски бизнисмени?“, праша Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Зоран Заев има намера да го продаде државниот удел во Телеком, железничкиот транспорт, земјоделско земјиште низ целата држава најатрактивна, ТЕЦ Неготино, македонски пошти и уште многу други институции?

Дали ова е чекор повеќе до обезличување и потчинување на државата и граѓаните? Кому ги ветил Зоран Заев сите овие удели и државни фирми?

Наместо да се крие како кукавица од граѓаните, Заев јавно треба да каже што се има понудено до бугарската влада за да се тргне блокадата?

Претходно велеше дека договорот што го потпиша е најдобриот договор што сме го имале со Бугарија, а сега гледаме дека има потреба да праќа нови понуди, односно ветувал многу други работи. Дали тоа значи дека за одредено време може да дораскрчми и тоа што ќе остане ако му побараат уште нешто?

Зоран Заев е човек кој што за жал ја осакати Република Македонија и ги обезличи граѓаните на Република Македонија и затоа мора да си замине од функцијата која ја доби со поткуп. Затоа е потребна Влада за национален спас, наместо лопови што и сопствените родители би си ги продале за лична корист како што е Зоран Заев“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски