(ВИДЕО) Арсовски: Криминалот во Република Македонија метастазира како канцер во напреден стадиум

Од:

Насекаде околу нас ни се случува црнила. Граѓаните се зацрнети и се оди против нивната волја. Судството е заробено од страна на Зоран Заев и за жал, Зоран Заев е единствениот судија во државава. Кого сака го тужи, кого сака го суди. Криминалот во Република Македонија метастазира како канцер во напреден стадиум. Целото подземје си ги наплаќа фактурите од Владата на СДСМ и управува со улиците, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ни се зацрнија цели фамилии благодарение на криминалците кој што се блиски до СДСМ. Уште колку деца и невини граѓани треба да загинат за конечно оваа Влада да се освести дека треба да работи за граѓаните, а не да работи за мафијата. Корупцијата е на ниво на кое што никогаш не била. Се прислушуваат обвинители и судии и никој не се обидува ниту да сноси одговорност, ниту да даде оставка. Но, еден ден ќе мора да сноси одговорност и да одговара тој што е нарачател на ова прислушување, рече Арсовски.

Тој додаде дека економијата е крахирана, единствено работат фирмите на Заеви, Анѓушев и останатите од СДСМ.

– Ни се случува масовен потоп во економијата. Реализацијата на капитални инвестиции до сега е само 1/3. Даноци се покачуваат, граѓаните осиромашуваат. Затоа, заради сите овие причини и уште безброј други, Ве повикуваме да ни се придружите утре на протестниот марш, во недела, во Велес, збирно место на паркингот кај гимназијата во 13 часот, маршираме низ центарот заедно се до платото пред Судот, рече Арсовски.

Тој повика да се стави крај на ова, како што рече, лудило и да се стави крај на оваа црнила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти