(ВИДЕО) Арсовски: Криминалот и корупцијата имаат име и презиме – Зоран Заев

Од:

„Криминалот и корупцијата во СДСМ и во Владата почнуваат и завршуваат со Зоран Заев. И тоа веќе е јасно и тоа сите граѓани го знаат. Злото од кое произлегува корупцијата и се шири низ сите пори на општеството е директно вкоренето во Владата и повторно ќе потенцирам има име и презиме, Зоран Заев“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Човекот што лаже и краде без срам со цела своја фамилија, човекот што е една од главите на нарко картелот Заеви, ја навредува интелигенцијата на граѓаните велејќи дека третиот ешалон бил извор на корупција.

Епа, да потсетиме уште еднаш Зоран Заев лично земаше по едно евро за него едно евро за црквата. Има ли поголем показател за најпрвиот меѓу првите ешалони дека е најкорумпираното суштество што некогаш газело по Република Македонија.

Има ли покорумпиран човек од Зоран Заев, кој што самиот си легализираше дивоградба на неговото семејство, комплексот Цареви Кули. Надвор од закон, надвор од се.

Има ли покорумпиран човек кој стимулира корупција, штитејќи ги криминалците како Драги Рашковски, Венко Филипче, Оливер Спасовски?

Нема. Зоран Заев е најголемиот криминалец и митаџија помеѓу власта, човекот кој е пример и извор на мито и корупција.

Уште еднаш јавно да прашаме, каде заврши Луј Витон чантата од рекетот, за кој сите јавно слушнаа дека чантата треба да се бара во семејството Заеви?

Одговорност за криминалот и корупцијата мора да има и ќе има.

Секој еден кој се огрешил пред законот ќе одговара“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски