(ВИДЕО) Арсовски: Кога планираат Русковска и Јовески да отворат случај за проневера на над 20.000 евра пари од благајна од Националната агенција?

Од:

„Поминаа точно четири дена откако Љупчо Николовски најави дека ќе побара оставка од Лидија Димова. Еве и после четири дена, ниту Николовски побара оставка, ниту пак Лидија Димова даде оставка.

Како што и рековме, класичен театар за замајување на јавноста од генералниот проблем, а тоа е криминалот и корупцијата кои што дивеат во оваа влада“, кажа Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавното обвинителство се уште нема отворено случај за сомнежите за криминал во Националната агенција.

Кога планираат Вилма Русковска и Љубомир Јовески да отворат случај за сомнежот за проневера на над 20.000 евра пари кои што фалат од благајната од Националната агенција за кое што има и јавно сведоштво од страна на благајникот кој што работел во Националната агенција? Притоа парите биле земани со факсимил на Лидија Димова.

Кога Лидија Димова планира да ги објави бодувањата и рангирањата на проектите за кои што се доделени сериозни пари?

Кога Лидија Димова планира да ги објави крајните контрактори каде завршиле парите од проектите кои ги доби братот на Диме Велковски и познатата фризерница од Аеродром? Притоа станува збор за некаде околу половина милион евра.

Имаше сомнеж дека се перат пари преку проектите кои ги дели Лидија Димова на своите кафеански пријатели. Кога планираат институциите да го истражат тоа?

Лидија Димова мора веднаш да си даде оставка. Начинот на работа на Владата на СДСМ е единствено криминален и никако поинаку.

Сите работат по примерот на Зоран Заев. Криминал, криминал и само криминал и многу корупција.

За ова мора да има одговорност и оставки уште веднаш“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски