(ВИДЕО) Арсовски: Кочо „четири очи” земал уште еден тендер во четири очи за медицинска опрема во болница

Од:

„Вицепремиерот Кочо Анѓушев нема намера да прекине да зема од парите на граѓаните преку неговите фирми.

Попусто постојат закони за судир на интереси, џабе граѓаните се бунат. Кочо „четири очи”, нема институција, а да не може да ја опслужи.

Најновите информации што излегоа во медиумите покажуваат дека Кочо „четири очи” Анѓушев, преку својата компанија „Брако” ја снабдил со медицинска опрема во јануари оваа година психијатарската болница „Негорци” од Гевгелија. Договорот изнесувал 665.000 денари. Државните пари од институциите одат директно во фирмите на Кочо „четири очи”, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема институција каде што Кочо „четири очи” не може да склучи договор во четири очи самиот со себе, односно он како сопственик на фирмите и од другата страна исто така он како втор човек на Владата која ја води Република Македонија.

Ова е непростливо и за ова мора да се одговара. Морално и кривично.

Дали ова е уште еден случај на судир на интереси каде што секој еден функционер кој е сопственик на фирми, вклучително и Кочо Анѓушев, треба да се изземе од постапките за јавни набавки и тендери кон државата?

Со ова директно се повредува антикорупционерскиот закон и законот за судир на интереси. На овој начин се цицаат парите на граѓаните преку институциите.

Сега очекуваме дека Анѓушев ќе каже дека не знаел што работеле неговите партнери, па он немал увид во тоа, па на крај ќе се вади дека не може да им забрани да работат со нивните фирми, ама џабе е, веќе ги слушнавме овие приказни за мали деца.

Доволно е од приказните дека Кочо Анѓушев е успешен бизнисмен кој отиде во Владата да помогне на стопанството и економијата. Кочо Анѓушев е еден обичен човек без срам и перде, кој отиде во Владата само за личен интерес и не направи ништо корисно за државата и граѓаните на Република македонија изминативе година дена. Едноставно само им штети со неговата појава таму.

Најмалку што може во моментов Кочо Анѓушев да направи е да си даде оставка и сам да отиде во јавното обвинителство и да ги пријави сите свои случаеви каде што неговите фирми склучувале договори со државата откако е вицепремиер, бидејќи ова не е првпат. Во 5 последователни вакви постапки, Кочо Анѓушев ја снабдува државата со нафта, со кревети, со софистицирана болничка опрема, ограда за автопати.

Укинувањето на законот за јавни набавки беше најдобриот проект на Владата за Кочо “четири очи”да може да работи.

Кочо Анѓушев мора да одговара и тоа пред очите на целата јавност.

На крајот, Република Македонија и граѓаните ќе победат!“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер