(ВИДЕО) Арсовски: Како прислушуваните материјали стигнале кај Стојановски?

Од:

„Криминалниот картел на власт предводен од Зоран Заев секој ден го покажува своето лице и своите методи на застрашување кон граѓаните и сите останати. Ова е вистината за СДСМ, а не лицемерието кое им го продаваат на граѓаните за европски вредности кои наводно ги поседуваат, а воопшто не ги поседуваат.

Вчера јавноста беше сведок како градоначалникот на СДСМ од Демир Хисар јавно пред ученици, на работно место им се заканува на просветни работници и ги омаловажува на најдрзок начин“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што може да погледнете градоначалникот на Демир Хисар пред малолетни деца, пред ученици се заканува.

Шерифлукот на СДСМ е многу посериозен од обична расправија како што тврди МВР кое што се обидува да го релативизира случајот. Стојановски тврди дека ги прислушкува граѓаните, дека го следи нивното движење и врши притисоци со бомбите на Зоран Заев.

Ова е клучното прашање. Како стасале материјалите од нелегалното прислушкување до лик како што е Марјанче Стојановски од Демир Хисар?

Дали за овие материјали за кои градоначалникот на Демир Хисар зборува знаaт органите на прогонот?

На крајот на краиштата дали некојси Марјанче Стојановски е дел од една партиска структура на СДСМ која вршела прислушкување на граѓаните и истите материјали ги злоупотребувала во изборни цели, уцени на граѓаните и притисоци на администрацијата во пресрет на политичките случувања како што е претстојниот референдум, а можеби тоа било дел од стратегијата да стане градоначалник?

Цела држава е заложник на оваа криминална власт на СДСМ. Денес се живее во страв, страв кој треба да ја покрие целата неспособност на оваа власт. Така државата може да ја вратат во мрачното удбашко минато, а не во европската иднина како што милуваат да кажат.

Очекуваме дека овој скандал ќе биде разјаснет во целост, а не да заврши со информативен разговор во полиција, онаму каде што работел Стојановски и од каде имал пристап да ги прислушкува сите граѓани, а сега веќе и да им се заканува. Обвинителството треба да излезе со сериозно кривично дело, а не со минорни обвинувања. Оставката на градоначалникот Стојановски е нешто што јавноста најмалку го очекува во моментов.

Јавноста бара Одговорност. Скандалот е огромен за да се ограничи само на еден лик како Марјанче Стојановски. Приказната е поголема. Тој е само врвот од сантата мраз наречена криминално-удбашки картел на власт“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Обвинителството за пуштањето на осомничениот за нападот врз Сара

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер