(ВИДЕО) Арсовски: Кацарска се јавувала кај Јанева за да врши влијание во истрагите, Судскиот совет да започне постапка за нејзино разрешување

Од:

„Кацарска судството денеска е целосно разобличено. Симнати се маските од Луј Витон правдата и тоа не од сведок со сомнителна биографија туку од обвинител кој постапува по активни предмети.

Според тврдењето на сведокот Лиле Стефанова, обвинител во предметот Империја, судијата Добрила Кацарска директно се јавувала кај сега веќе обвинетата Катица Јанева за да влијае врз истрагите. Обвинителката Стефанова под полна морална и правна одговорност, денеска сведочеше дека Добрила Кацарска постојано била присутна додека се одлучувало околу барањето за притвор на еден од осомничените во предметот Империја и се интересирала за текот на постапката“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е класична злоупотреба на овластувањата и мандатот кој што го има еден судија, односно Добрила Кацарска.

Почитувани, еве што изјавуваше во јавност Добрила Кацарска во врска со предметот Империја уште во март минатата година.

Внимавајте ова е изјава на Добрила Кацарска во телевизијата чии што сопственик е директно вмешан во случајот Рекет.

Значи, не само што ги злоупотребувала овластувањата и мандатот кој што го има, според ова што можевме да го видиме и слушнеме, уште во март 2019тата година Добрила Кацарска свесно лажела и ја манипулирала јавноста.

Согласно Законот за судски совет, членот 36, советот е надлежен да ја следи и оценува работата на судиите и да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството. Сведочењето на Лиле Стефанова е аргумент кој судскиот совет не смее да го изигнорира. Советот мора веднаш да отпочне постапка за разрешување на Добрила Кацарска и да се повика на овластувањата кои ги има во истиот член 36, да одлучува и за времено оддалечување на судија од вршење на судиска функција.

ВМРО ДПМНЕ го повикува Јавниот обвинител да не премолчува, да не замижува и да се прави слеп пред сите овие случаеви и пред очигледните злоупотреби и да отвори и кривична постапка против судијата Добрила Кацарска за злоупотребите на службената положба и овластувањата кои што ги има како судија“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски