(ВИДЕО) Арсовски: Јавен повик за избор за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија

Од:

„Согласно Одлуката на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесена на последната седница одржана на 22.12.2018 година, а врз основа на член 17 точка е) од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ денес објавуваме Јавен повик за пријавување на кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија за Претседателските избор 2019 година.

Сите оние кандидати, кои ги исполнуваат законски предвидените обврски и услови за кандидирање за кандидат за Претседател на Република Македонија и кои се согласуваат и ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ и сметаат дека се потенцијален кандидат, треба да поднесат индивидуално писмо за изјавување на интерес за кандидирање на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија, најдоцна до 31.01.2019 година до 18:00 часот, во просториите на централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е плоштад ВМРО, Палата Христо Татарчев бр.1.

Веднаш потоа, сите кандидати кои ги исполнуваат условите, ќе имаат еднакво право да ги презентираат својот план и програма пред партијата, односно ВМРО-ДПМНЕ“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Согласно одлуката на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на конвенцијата ќе учествуваат и одлучуваат 550 делегати.

Принципот за избор е тајно гласање, а за избран кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија се смета кандидатот кој добил најмногу гласови од сите кандидати, но не помалку од 1/3 од вкупниот број на делегати.

Доколку ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број гласови од 1/3 или кандидатите добиле еднаков број гласови, гласањето се повторува. Во повтореното гласање учествуваат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови во првото гласање.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбере најдобриот и најмотивираниот кандидат за Претседател на Република Македонија кој заедно со граѓаните ќе победи на претстојните Претседателски избори 2019 година.

Граѓаните секојдневно се се помотивирани и понестрпливи да ја поразат оваа хунта на власт која го гледа единствено личниот интерес, настрана од интересот на граѓаните на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ со идниот кандидат кој ќе го одбере за кандидат за Претседател на Република Македонија, ќе ја порази ова ненародна и криминогена власт и тоа ќе биде почеток на крајот на оваа црнила и оваа несреќа што ни се случува во моментов.

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори и граѓаните ќе победат на овие избори!“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче