(ВИДЕО) Арсовски: Јанева е само една алка од синџирот на организиран криминал и корупција

Од:

Денеска и официјално завршува обвинителската и политичката кариера на првиот соработник на Зоран Заев, тоа е Катица Јанева. Завршува обвинителската кариера на Јанева за која премиерот Заев тврдеше дека е човек со кредибилитет позади кој самиот тој Зоран Заев седи и ја поддржува. Неговата одлука беше Катица Јанева да биде и унапредена во државен јавен обвинител, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Приведувањето на Катица Јанева е чекор кој требаше да се случи уште првиот ден кога излезе скандалот „Рекет“. Овој временски простор кој го имаше од излегувањето на скандалот „Рекет“ до денес поминаа повеќе од 40 дена, и тоа е простор во кој Катица Јанева имаше време да брише докази, да крие докази, да влијае врз сведоци, и да работи се останато во нејзина корист.

Според она што до сега беше видено, Јанева е само една алка од синџирот на организиран криминал и корупција кој што во моментов го гледаме во Република Македонија преку случајот „Рекет“.

Скандалозно, па дури и смешно е тврдењето на Јавното обвинителство дека двајцата осомничени барале 8 милиони евра, а Катица Јанева која ја завршила практично главната работа за која што биле барани парите, земала само предмети во вредност од 4.500 евра. Скандалозно, смешно и потценувачки за интелегенцијата на граѓаните кои и што самите видоа како што се одвиваше целиот случај на рекетирање.

Се додека не се стигне до главните инсипиратори и нарачатели, да се дознае улогата на политичарите, на Кики, на Фрики, и на Шеки, на главата на Октподот Зоки Поки, нема да има правда во Република Македонија.

Уште од првиот почеток предупредувавме доколку Зоран Заев процени дека тој е самиот загрозен ќе се откаже од сите свои луѓе само за да се спаси себе си и својата кожа.

Апсењето на Катица Јанева не смее да се претвори во акција за спас на кариерата на Зоран Заев кој е целосно компромитиран и разнишан.

Затоа потребно е да се знае која била улогата на Кики, која била улогата на Фрики, која била улогата на сите оние кои што потпишуваа меморандуми и беа блиски соработници на „Меѓународен сојуз“, која е хуманитарна фондација на еден од осомничените, точно да се знае одговорноста на главата на криминалниот октопод.

Што знае Заев за овој случај и да се утврди каде се парите земени од рекетот? Дали во оваа афера се вмешани и други обвинители кои се дел од урнисаното СЈО кое нанесува неправда, наместо да донесе правда во Република Македонија, за што и беше формирано.

Воедно Катица Јанева нанесе срам освен на кредибилитетот на обвинителиот систем, туку нанесе срам и на самата правда во Република Македонија, ги изневери сите оние луѓе кои веруваа дека оваа власт ќе донесе правда.

Таа ги изневери и меѓународните преставници кои веруваа во нејзе и даваа поддршка, беа присутни на прес конференциите на ова корумпирано и под политички диктат обвинителство врз кое директна надлежност имаше Зоран Заев. Ако мисли дека вака ќе се спаси главата на октоподот, тогаш се лаже.

Правда ќе има, и таа мора да дојде. Зошто тоа не е прашање на избор, туку единствена нужност која што во моментот е потребна во Република Македонија.“, наведе Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024