(ВИДЕО) Арсовски: Имаме сериозен сомнеж дека нарачатели на сето ова се врвот на власта

Од:

„Со вчерашното апсење се покажа дека во Република Македонија владее криминално политичко милје и се докажа сето она, односно се потврди сето она кое што го говореше ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период. Сето она што го видовме вчера е само потврда дека во Република Македонија има огромна корупција, има огромни скандали меѓутоа над овие луѓе треба да се бараат нарачателите“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние имаме сериозен сомнеж дека нарачатели на сето ова се врвот на власта, односно врвот на СДСМ. Така да ова е уште една потврда дека во Република Македонија владее сериозна корупција, владее сериозно рекетарство, уцени и сето она што се случуваше во изминатиот период со СЈО се покажа дека било само инструмент за политички пазар. Било инструмент за уцени и личен интерес. И едноставно за уценување на сите оние луѓе кои што беа опфатени на оние снимки кои што беа во СЈО“, одговори Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски