(ВИДЕО) Арсовски: Гласањето за мандатот на Груевски беше медиумски театар

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, изјави дека она што се случуваше деновиве со експремиерот Никола Груевски во Собранието е политички прогон и медиумски театар организиран од страна на СДСМ.

Арсовски рече дека гласањето било со цел власта и пратениците од СДСМ да ја дефокусираат јавноста од реалните проблеми и случувања во државата.

„Се покажа дека е само еден медиумски циркус за да може неколку дена да ја одолговлечат и дефокусираат темата од реалните проблеми“, додаде Арсовски.

Претходно денеска во Собранието се гласаше за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски. Собранието не му го одзеде мандатот, за што беше потребно двотретинско мнозинство.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски