(ВИДЕО) Арсовски: Филипче ќе спроведе уште една криминална тендерска постапка

Од:

„Иако од Министерството за здравство, тврдат дека преземаат чекори за унапредување на јавното здравство во повеќе категории, сепак реалноста е дека нема никаква реализација, ниту пак подготовка за реализација на бомбастично најавуваните проекти за подобрувења на здравствениот систем кои ги вети СДСМ. Единствено се случува криминална приватизација на јавното здравство, исто како приватизацијата на државните институции и фирми во 90тите години.

Таква е последна криминална тендерска постапка на Министерството за Здравство, со обидот за приватизација на стерилизацијата во Јавните здравствени институции. И замислете Венко Филипче тоа го нарекува, “Интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции”. А со еден збор претставува приватизација на стерилизацијата на хируршките сали и инструменти во сите здравствени институции во Македонија“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес, во Министерството за здравство, ќе се отвара тендерската документација за приватизација на стерилизацијата, а Министерот не одговори на следните прашања:

1. Се најавуваат највисоки стандарди за стерилизација, а во медицинската документација се бараат единствено исполнување на најосновните интернационални стандарди?

2. Дали до сега стерилизацијата не се изведуваше според нависоки европски стандарди?

3. Дали тендерската процедура фаворизира една странска компанија, која имплементира ваков проект на приватизација на стерлизацијата во здравството во соседна Албанија?

4. Дали не случајно се исклучени сите компании од Македонија, со барањето од тендерот да имаат вкупен годишен промет во последните 3 фискални години, кој не помал од 30 милиони евра?

5. Дали против компанијата која ја фаворизира Министерот Филипче, постои судски процес во Италија и во Албанија?

6. Дали компанијата кој ја подготвува Министерот да добие на тендерот, ќе има ексклузивни права за стерилизација на целата територија на Македонија? Дали со тоа се планира да пропаднат и да згаснат 25 до 30 економски оператори кои што постојат моментално на пазарот во Република Македонија?

Според начинот на кој што е подготвен последниот тендер за стерилизција, ќе добиеме приватна компанија со монопол да ја добие грижата за стерилизацијата на зафатите во здравствените институции. Станува збор за област за која во иднина приватна фирма ќе треба да набавува хируршки инструменти, облека за лицата кои влегуваат во операциска сала, дезинфекција на салите, до грижа за медицинскиот отпад!

Ги повикуваме Министерот Венко Филипче и надлежните во Министерството за здравство, да не дозволат судбината на граѓаните да падне во рацете на несериозни приватни компании против кои што се водат судски постапки.

Време е оваа власт да почне да работи во интерес на здравјето на граѓаните!!!“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје