(ВИДЕО) Арсовски: Додека со еден компјутер во просечно семејство се едуцираат по две – три деца, Заеви се луксузираат со вили во Грција

Од:

„Зоран Заев се уште не излезе да одговори пред јавноста на тврдењата на странските и домашните медиуми дека близок негов и на неговото семејство поседува луксузна хациенда на Халкидики.

Зоран Заев е најскандалозниот премиер, со кој што во регионов за жал наместо да се фалиме со успеси, ние сме познати по неговите скандали.

Уште еднаш јавно прашуваме, бидејќи вчера бевме игнорирани, денес повторно јавно прашуваме дали близок на Зоран Заев или некој од потесното семејство поседува имот на Халкидики, односно луксузна вила која чини неколку милиони и дали Зоран Заев и неговото потесно семејство биле чести гости годинава во оваа вила на Халкидики?“, прашува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да појаснам уште еднаш за граѓаните се работи за нова вила за која што излегоа тврдења во медиумите странски и домашни дека ја поседува близок до Зоран Заев, а не онаа која што претходно беше објавена дека ја поседуваат на друга локација исто така на Халкидики. Имајќи во предвид дека мештаните самите тврдат дека Заеви се чести гости во таа вила и дека нивни блиски ја поседуваат, зошто Заев не сака да излезе и јавно да проговори на оваа тема туку ја игнорира.

Откако Заев јавно тврдеше дека не поседува фирми и компании во странство, сега според тврдењата на странските медиуми испадна дека поседува не само фирми туку и имот во странска држава.

Уште колку ли ваков имот поседуваат Заеви и нивните блиски фирми до неговото семејство во странските земји?

Богата мафија на власт, сиромашен народ. Додека секојдневно гледаме стории по медиумите за жал тажни стории каде што со еден компјутер во просечно семејство се едуцираат по две, три или четири ученици, бидејќи немаат пари нивните родители да обезбедат за сите ученици во семејството компјутери, Заеви се луксузираат во луксузни вили за кои медиумите тврдат дека ги поседуваат, а тие игнорираат и воопшто не сакаат да проговорат на таа тема.

Тоа е тажната вистина за Република Македонија. Богата мафија на власт, сиромашен народ кој не знае како да преживее од ден за ден.

Уште еднаш сакам да ги охрабрам медиумите и сите оние кои имаат било каков пристап до информации за имотите на семејството Заеви и нивните блиски фирми, да ги објават, бидејќи се предмет од интерес на јавноста. Имајќи во предвид дека целото семејство е поврзано со безброј скандали и тендери во Република Македонија“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”