(ВИДЕО) Арсовски: ДКСК чека инструкции од СДСМ дали смее да отвори случај за Калеска-Ванчева

Од:

„Трет ден молк и трет ден ни трага ни глас од СДСМ во врска со случајот за адвокатското друштво на нивната пратеничка и претседателка на форумот на жени, Калеска-Ванчева. Тоа што молчат значи дека потврдуваат дека нивната пратеничка инкасирала 55.000 евра од државните институции кои ги раководеле кадри на СДСМ“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Молчат и не негираат бидејќи се свесни дека се фатени со рацете во медот, па велат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ биле разочарување. Вака, не се покрива скандал. Зошто, затоа што работат по 20 часа на ден и затоа што не ѝ даваат паушали од општините и јавните претпријатија на Калеска-Ванчева? Најверојатно затоа мислат дека се разочарување.
Не, напротив, не се разочарување, туку се пример како треба да се водат и раководат институциите.

Замислете, колку е неетички и лицемерно и срамно, да продаваат памет во јавност, да сеат ветер и магла овие лица од СДСМ кои секојдневно ги гледаме, кои што ги крадат граѓаните и државата, да говорат за правна држава, некорумпиран систем и како тоа треба, како тие практично се чесни, а од друга страна гледаме дека ѝ се смеат на целата јавност и држава во лице преку вакви случаи и скандали каде што инкасираат нивните функционери и нивните фирми пари од државата и од јавните претпријатија, односно локалната самоуправа додека биле под водство на СДСМ.

Пет институции кои ги воделе кадри на СДСМ, блиски до Калеска-Ванчева, блиски до Зоран Заев, блиски до сегашниов Димитар Ковачевски, платиле на адвокатското друштво на Калеска-Ванчева една од најгласните пратенички во Собранието која го брани криминалот на Владата на СДСМ, а никој од нив сѐ уште никаква реакција нема до јавноста, во најмала рака барем да се извинат.

Значи кога се даваат пари на луѓе блиски до СДСМ и функционери од СДСМ тоа е чесно и етички, а во секој друг случај каде што парите не завршуваат во џебот на СДСМ, тоа не е во ред и е проблем.

Директорите од СДСМ го ангажираат друштвото на Калеска-Ванчева и му плаќаат 55.000 евра. Толку пари обичен човек или адвокат на толку лесен начин не може и нема можност да заработи ниту за два животи. Напротви, обичниот човек и обичните адвокати кои немаат вакви повластувања, треба да се откорнат од работа за да заработат.

Но, затоа овие од СДСМ можат на едноставен и лесен начин.

Сакаме јавно да ги прашаме СДСМ:

Дали овие 55.000 евра се единствените пари што ги инкасирало друштвото на Калеска-Ванчева додека се на власт или има и други институции каде што биле закачени на државна сметка?

Дали ќе чуеме некаква, било каква реакција, макар и извинување од повиканите директори и министер кој што бил во образование и наука од СДСМ, што им ги потпишале овие 55.000 евра или пак евентуално да чуеме било каква реакција од Калеска-Ванчева?

Антикорупциската комисија дефинитивно спие или евентуално не добиле инструкции дали смеат да отворат случај за овој предмет, а можат да отворат уште денес.

Ако на некој не му е јасно зошто сме на дното по индексот на корупција, тоа е затоа што не добиле сѐ уште антикорупционерите инструкција да отворат случаи за вакви работи и едноставно да ги средат и санираат.

На целата држава и јавност им е јасно како функционира антикорупциската комисија.

Дали можеби нивниот молк е затоа што корупцијата потекнува од таа институција?“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ