„Сите обвинители и истражителите од СЈО кои биле дел од злосторничкото здружение и кои цицале народни пари да си дадат оставки за да не ја попречуваат истрагата за парите кои ги цицале од СЈО, а тоа се пари на граѓаните.
Одговорност за украдените милиони евра мора да има. Доколку не си поднесат оставки, Јавниот обвинител кој ја спроведува истрагата треба да побара истите да бидат суспендирани се до завршување на истата истрага.
Јавните обвинители и истражителите кои биле дел од злосторничкото здружение и Катица Јанева заедно со нив, многу добро ги знаеле законите и затоа се сомневаме дека свесно влегле во незаконското делење на народните пари и молчеле за огромните додатоци“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено, законите се јасни. Катица Јанева можела да добива плата во висина од 90% од платата на Републичкиот јавен обвинител, а нејзините соработници и таа, не смееле да имаат додатоци повисоки од 35% од платата. За жал гледаме дека милиони евра се делеле без никаков основ и без никакви критериуми. Што значи дека сите таму во СЈО свесно го кршеле законот, мислејќи дека никој нема да побара одговорност од нив.
Обвинителството има обврска да ги замрзне нивните работни места за да не влијаат во текот на истрагата, и тоа мора да го стори уште веднаш.
Злосторничкото здружение наречено СЈО, а составено од блиски луѓе на СДСМ и Заев кои рекетираа и трошеа наши народни пари на граѓаните, за плати, хонорари и додатоци околу нив потрошиле неколку милиони евра.
Без никаква основа се делеле хонорари на обвинители, на роднини, на роднините на функционерите вработени од СДСМ во СЈО, и на многу други функционери на СДСМ од власта.
Платите на обвинителите во СЈО биле многу повисоки од платите на обвинителите во Јавното обвинителство иако како што рековме по закон тоа не смее да се случи.
Замислете, се јави за повикан да реагира за земените 40.000 евра од СЈО командантот на единицата Алфи од МВР, Примислав Димовски.
Примислав Димовски наместо да дава емотивни и срцепарателни изјави за неговата работа во СЈО и за земените 40.000 евра народни пари нормално, надвор од платата, може да одговори на неколку прашања поврзани со случајот „Рекет“, во кој што е вмешано и СЈО?
Дали Примислав Димовски даде изјава во случајот „Рекет“?
Дали Примислав Димовски одговори на тврдењата и на медиумските написи кој од единицата Алфи разговарал со Боки 13 по земањето на парите?
Наместо да говори за земените 40.000 евра, ова е негова одговорност да одговори.
На пример, петтата управа во МВР и во ОТА има оддел за прислушување и следење каде што вработените се подложни на таа доверливост за која што земале пари обвинителите и истражителите во СЈО, согласно работата која што ја работат тие луѓе, а сепак немаат никаков додаток за доверливост кој што би го земале исто како што земале овие од СЈО. Исто како и докторите кои исто така располагаат со сензибилни информации за здравјето на граѓаните и тие не земаат никаков додаток за доверливост напротив нивните плати се десетина пати пониски од оние на СЈО.
Правна држава мора да има. Одговорност за милионските проневери мора да има и мора некој да одговара и да сноси одговорност, се работи за парите на граѓаните, се работи за парите кои што ги имаат дадено сите граѓани на Република Македонија за да функционира СЈО. Наместо тоа гледаме дека рекетирале, уценувале и цеделе државни пари. По 12-ти април следува обнова на Македонија и ќе почне одново да се гради правната држава во Република Македонија. Веднаш потоа одговорност за сите криминалии на актуелната власт на СДСМ, на функционерите, на СЈО ќе има и мора да има“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.