(ВИДЕО) Арсовски: Дали пратеничката Мира си го вработи синот во ЕЛЕМ?

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз аздиса во масовниот грабеж што го спроведува периодов. Очигледно малку им се пари од тендери, криминални иновации и патни трошоци, па решија да го цедат буџетот со вработувања на мајки, синови, ќерки, внуци, сестри, фризерки и роднини до седмо колено.

Пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска позната во јавноста по рекордните патни трошоци во износ од 12 илјади евра, според информациите до кои дојдовме и ги добивме ќе се радува и на вработувањето на својот син Виктор Стојчевски во ЕЛЕМ кому денес му е прв работен ден“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали е точно дека Виктор Стојчевски своето вработување во ЕЛЕМ го заслужил со навредливите коментари упатени кон граѓаните кои ги нарекуваше „хибернирани кретени по улиците на Скопје“ или пак бил најдобар кандидат затоа што мајка му креваше рака за промена на името, покачувањето на акцизите или отворањето на измислени места за заменици директори во јавните претпријатија?

Зошто власта го сокри ова вработување? Јавноста треба да знае дали синот на Мира – или така позната како Мира- изел е вработен на јавен конкурс? Уште колку кандидати биле пријавени за ова работно место? Во што бил синот на Мира – дизел подобар од останатите кандидати?

Ова се прашања кои заслужуваат и мора да добијат одговор.

Илјадниците евра кои граѓаните годишно и ги даваат на Мира Стојчевска, сега ќе бидат дополнети со прилично солидна плата кој што ќе ја зема нејзиниот син. Тоа е за СДСМ и Зоран Заев борба против непотизмот и корупцијата во Република Македонија.

Токму заради ваквиот однос на Зоран Заев и СДСМ, над 400.000 граѓани живеат во тешка беда и сиромаштија, помасовно од кога било, а Македонија тоне на листите на Транспаренси Интернешнл.

Уште за колку вработувања на синови, ќерки, мајки и сестри ќе разбере јавноста во наредниот период. Само да потсетиме во сите овие случаи за непотизам се работи за огромни плати и хонорари кои се далеку повисоки од просечната плата која што ја земаат граѓаните.

Само за потсетување како владата го третира буџетот и јавното претпријатие ЕЛЕМ. Од досега познатите факти своите најблиски во ЕЛЕМ ги згрижија Мирослав Грчев, Асаф Адеми и Талат Џафери.

Време е СДСМ да си замине од власт и да запре овој општ грабеж кој што и се случува на граѓаните“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов