(ВИДЕО) Арсовски: Дали оваа бонбона бизнис на Шекеринска за грејдери е согласно НАТО стандардите?

Од:

„Трет ден како молчат институциите за случајот со преплатените грејдери во Армијата на Република Македонија.

Пред 2 дена имавме и потврда од министерството за одбрана и од Радмила Шекеринска дека навистина се преплатени двата грејдера по многу повисока цена и повторно покрај таа потврда институциите молчат.

Грејдерите кои во Србија се продаваат за 108.000 евра по парче тука во Македонија се купуваат за над 230.000 евра по парче“, вели Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали ова не е очигледен криминал? Каде и во чии џебови завршија над 250.000 евра разлика од двата грејдери, пари на граѓаните кои Радмила Шекеринска преку министерството за одбрана ги преплатила истите машини?

Дали овој бонбона бизнис на Радмила Шекеринска мислела дека нема да се дознае во јавноста и по медиумите?

Дали овој бонбона бизнис е согласно НАТО стандардите кои што ги пропагира СДСМ?

Владата на СДСМ мора да одговара за целокупниот сторен криминал.

Додека војската во Армијата на Република Македонија нема основни услови за работа и функционирање, Шекеринска над 250.000 евра ги плаќа повеќе грејдерите и никој не знае каде завршуваат истите пари.

Одговорност мора да има и ќе има по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април.

Обнова на Македонија мора да има. И не смее повеќе да се случуваат вакви тендери каде што се преплаќаат за 150% повеќе сумите од она што чинат истите грејдери“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски