(ВИДЕО) Арсовски: Дали Ковачевски влијаел тендер во 4 очи од РЕК Битола да добие СВ Инвест, фирма поврзувана со Вице Заев?

Од:

„И повторно, сомнеж за испумпување пари на граѓаните и сомнеж за огромен криминал во РЕК Битола. Замислете, фирмата СВ Инвест која беше поврзувана во тесни релации со братот на Зоран Заев, Вице Заев доби тендер во 4 очи, повторувам, тендер во 4 очи, помеѓу фирмата СВ Инвест и Васко Ковачевски како директор на РЕК Битола од редовите на СДСМ, за ангажирање на помошна механизација за потребите на РЕК Битола во вредност 53 милиони денари, односно над 800.000 евра, пари на граѓаните.

Најпрвин го затворија Советот за јавни набавки за да можат да склучуваат тендери во 4 очи, практично тоа им беше всушност она „живот за сите“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве вака на овој начин, парите на граѓаните завршуваат во фирмите блиски до СДСМ и фамилијата на Зоран Заев и целиот овој криминален картел на власт.

Во месец јули РЕК Битола објавила јавен тендер со првични критериуми кој подоцна претрпел поништување во критериумите, односно наместо првично како што се барало телескопски чистач на транспортни ленти со моќност од 80KW и референца од фирмите апликанти, за изработка на целиот тендер, после поништувањето на критериумите, преку истиот предмет на набавка се бара телескопски чистач со моќност од 100KW, односно зголемена е границата и не се бара референца од фирмите кои што треба да бидат носители на тендерот, односно ова поништување на критериумите отвора сомнеж за елиминирање на други потенцијални изведувачи на тендерот и објавување на критериуми кои одговараат единствено на фирмата СВ Инвест. Со ова практично се овозможило СВ Инвест да се јави како носител на тендерот и многу полесно да го добие целиот тендер.

Дали со овој потег Васко Ковачевски и СДСМ ја ограничиле конкуренцијата и влијаеле кој да го добие овој огромен тендер?

Дали со ова Васко Ковачевски влијаел тендерот кој го склучил во 4 очи да го добие фирмата СВ Инвест, практично за која претходно и самиот Васко Ковачевски имаше изјави дека таквата фирма не работи во РЕК Битола?

Дополнително, претходно во 2017 година фирма која го добила тендерот за истата намена имала цена од 3800 денари за 1 час работа на тој телескопски чистач, додека пак сега, истата фирма која тогаш работела за таа цена, сега им ги изнајмува машините и е подизведувач на СВ Инвест, а СВ Инвест е носител на тендерот и цената која што РЕК Битола ја плаќа на СВ Инвест за истата работа од претходно е 4290 денари за 1 час работа, односно дури 500 денари повеќе.

Ова е еклатантен пример на испумпување на народните пари. Криминалниот картел на власт најелегантно ги граби, ги краде парите на граѓаните од државните институции.

Ова лудило мора да прекине и криминалците од власта мора да одат во затвор.

Овој можен случај на криминал мора уште веднаш да биде истражен од надлежното Јавно обвинителство и ги охрабруваме веднаш да отворат случај и да ги истражат сите можни сомнежи. Веднаш потоа сите одговорни да сносат одговорност и да одговараат пред лицето на правдата“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање