(ВИДЕО) Арсовски: Бочварски делел буџетски милиони на семејната фирма – борбта против корупцијата не постои

Од:

„После молкот на надлежните институции за скандалот во кој што Општина Штип доделува милионски тендер на семејната фирма на Бочварски може да се каже дека борбата против корупцијата во Република Македонија практично и не постои.

Џабе министер за борба против корупција, џабе декларативни изјави, џабе флоскули.

Надлежните институции сакаат да го забошотат и прикријат случајот, кој е школски пример за корупција и злоупотреба на службена должност. Очигледно само власта не сака тоа да го види. Ова е пример како Зоран Заев работеше во Струмица додека беше градоначалник, истото тоа го пресликал Бочварски во Штип“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оттука сакам јавно да ја повикам Антикорупциската комисија да го истражи овој случај. Доста молчи, доволно е. Тие антикорупционери кои што седат во фотелји во институцијата, не се само таму за да седат на државен трошок и претседателката на Антикорупциската комисија не е таму за да биде платена од народните пари за да ги штити СДСМ и Владата, туку треба да иницираат случаи и да работат.

Еве им јавно повик да отворат случаи и да истражат дали имало било каков судир на интереси. До сега ниту еден случај немаат завршено како што треба до крај. Затоа евидентно е дека ги штитат Владата и СДСМ.

Општина Штип доделува милионски тендер на фирмата „Де Лукс“ ДОО од Штип во сопственост на Владимир и Венцислав Бочварски, чичко и татко на Благој Бочварски само еден ден откако овој истиот е именуван од градоначалник за министер за транспорт и врски.

Целата тендерска постапка се одвивала додека Благој Бочварски е градоначалник на Штип, а еден ден откако е именуван за министер, на 1-ви септември, се објавува неговата семејна фирма како добитник на тендерот. Мислам дека нема потреба ниту да се убедуваат, ниту да се обидуваат да убедат некого дека ова е чиста случајност или чиста професионалност. Не почитувани, ова е класична злоупотреба на службена должност. Тоа значи дека Бочварски знаел, па дури и имал најверојатно можност да влијае за семејната фирма да добие тендер кој што ќе биде платен од парите на граѓаните.

Парите на граѓаните се користат за лично богатење на функционерите од власта. Тоа е тој систем за кој што го говориме, кој што го воведе Заев во Струмица, а како канцер се шири и метастазира низ цела држава.

Е сега, бидејќи вчера Благој Бочварски се заканил на социјалните мрежи дека ќе ме тужи токму мене, најверојатно иритиран што јавноста дозна за какво семејство станува збор во штипско и како функционира, еве јавно го повикувам да тужи, па на Суд да појасни дали неговото семејство земало ваков милионски тендер од институцијата или не земало. Таму ќе има шанса да докаже.

Во спротивно, на ваквите закани од страна на Бочварски кој што најверојатно има путер на главата бидејќи се обидува да се заканува, нормално никој не ги восприема тие закани, ќе одговорам со многу други тендери кои ги земаат неговите семејни фирми од државните институциите и локалните институции во Штип. Па слободно, може и за тие да тужи и да се објаснуваме каде сака, и кога сака, односно на кој Суд сака и каде сака. Така да очекувајте во следните денови уште вакви тендери“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”