(ВИДЕО) Арсовски: Ако се точни сведочењата во „Рекет“, Кацарска треба кривично да одговара и да лежи во затвор

Од:

„Ако се точни сведочењата во Рекет, Кацарска треба да одговара кривично и да лежи затвор.

Впрочем ниту еден сериозен правник или обвинител со долгогодишно искуство не би сведочел лажно и би знаел дека за тоа се одговара. Што значи дали тврдењата се точни, тоа треба да го докаже судот. Добрила Кацарска веќе нема кредибилитет да суди и да пресудува на македонските граѓани.

Сведочењето на Лиле Стефанова отвори сериозен сомнеж како функционирало Луј Витон судството на Зоран Заев или народски познато Кацарска судство“, вели Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вредностите и вербата во институциите и системот се целосно загубени и затоа мора да се отвори сериозна истрага преку која ќе бидат санкционирани сите кои ја злоупотребувале службената положба и овластувањата за да се пресметуваат со политички неистомисленици, наместо да судат по словото на законот.

Членот 75 од Законот за судови експлицитно наведува дека потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на одговорност на судија е „грубото влијание и мешање во вршењето на функцијата на друг судија“.

Обвинителката Стефанова на вчерашното сведочење под полна морална и материјална одговорност изјави дека судијата Добрила Кацарска директно се јавувала кај сега веќе обвинетата Катица Јанева за да влијае врз истрагите. Стефанова сведочеше дека судијката Добрила Кацарска постојано била присутна додека се одлучувало околу барањето за притвор на еден од осомничените во предметот Империја и се интересирала за текот на постапката.

Доколку ова не претставува потешка дисциплинска повреда, тогаш подобро да го избришеме законот или членот 75 од Законот за судови.

Истиот член предвидува дека Претседателот на судот во рок од осум дена од денот на осознавање на сторената дисциплинска повреда е должен да го извести Судскиот совет на Република Македонија за истото.

Вклучително истата судијка Добрила Кацарска според сведочењето на Лиле Стефановска треба да одговара по член 353 од КЗ на Република Македонија за злоупотреба на службена должност кооја што ја има

Затоа јавно го повикуваме Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев да не го чека крајниот рок, туку веднаш да постапи и да го извести Судскиот совет по службена должност.

Доста е од Катици, Вилми и Добрили во судството. Со секој изминат ден станува јсе појасна спрегата и меѓусебната поддршка преку која наместо закон се реализираа партиски нарачки на Зоран Заев и СДСМ. Еве како Катица Јанева ја фалеше Добрила Кацарска.

Кога веќе гледаме дека Катица Јанева учела од Добрила Кацарска, видовме и што се случи и како заврши Катица Јанева.

Институциите не смеат да замижат пред овој случај. Одговорност мора да има. Сите овие луѓе под палката на Заев го урнисаа правосудниот систем и затоа е потребен закон кој нема да амнестира криминалци“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее