(ВИДЕО) Арсовска: Нелегален ископ на песок и бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар во Аеродром

Од:

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска повторно преку пренос во живо информира за нелегален ископ на песок и бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар од фирма која, како што тврди, нема никаква лиценца и одобрение за работа.

Арсовска ги повика Министерството за внатрешни работи и надлежните институции да постапат, а најави и дека ќе поднесе пријава поради заканите по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство од страна на сопственици на фирма од Долно Коњари.

– Во општина Аеродром, затекнати при нелегални активности на бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар, од фирма која нема никакви лиценци, елаборати, дозволи и одобренија ниту за работа, ниту за механизацијата со која ги извршуваат овие злодела против природата, а што потенцијално претставува и опасност по здравјето на граѓаните. Почитуван Министер Тошкоски, ова сметајте го и за пријава против лицето Ќамил Османовиќ и неговите соработници кои упатија пред сведоци закани по мојот живот и по животот на моето семејство, за што и формално ќе поднесам пријава до вас. Никој не им се плаши, но убаво би било да видиме дали ќе постапите бидејќи неказнивоста и непостапувањето предизвикува да мислат дека се недопирливи пред законот. За случајот се известени Министерството за животна средина и просторно планирање, МВР и сите надлежни институции, стои во објавата на Фејсбук.

Во објавата, Арсовска посочува дека создадено е езеро од отпадни води од кое потоа се загадува реката Вардар. Пријавата, како што посочува, е од невладина организација и граѓани.

Локацијата, како што наведува во објавата, се наоѓа после мостот во Долно Лисиче, спорти Опитното поле.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

А1он

Арсовска го повика Ѓорѓиевски јавно да ги објави долговите и тие што не оделе на работа, ВМРО-ДПМНЕ и одговори дека „правдата е блиску“

Катерина Ѓуровски

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните