(ВИДЕО) Арафат Муареми: Под лупа на Финансиска, имотот на најмалку двајца актуелни судии и еден обвинител

Од:

Финансиската полиција ја финишира истрагата за најмалку двајца актуелни судии и еден обвинител.Како што тврди директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, оваа истрага ќе одведе и до нови сознанија за други судии и обвинители.

Само оваа година финансиската полиција со своите кривични пријави лоцирала криминал во вредност од 150 милиони евра, што е за 50 милиони повеќе од лани, но најголем дел од овие кривични пријави не се спроведени пред надлежните обвинителства и нема оформени обвиненија. За оваа спрега меѓу Финансиска и Обвинителството, Муареми вели дека одговорноста е и кај Бирото за судски вештачења, а решението е веројатно да се постави временска рамка во која Обвинителство ќе мора да постапува.

На листата на најголем број кривични пријави за годинава, вкупно 38 кривични дела се детектирани кај даночното затајување, кое според Муареми, се прави најчесто преку фирмите што се отворени за оваа намена.

„Со Централниот регистар склучивме меморандум со кој тие се обврзани неделно да нè информираат за фирмите што се бришат од регистарот поради неактивност. За овие три години избришани се 30.000 фирми и токму меѓу нив се оние кои се отворени само со намена да затајат данок“, вели Муареми.

Муареми: Двајца бизнисмени од „Рекет“ разговараа со мене, но не кажаа дека се уценувани

Како човек кој претходно работел во специјалното јавно обвинителство, за поранешната шефица Катица Јанева коментира дека ја разочарала јавноста и ја разнишала довербата во оваа институција, која беше клучна во борбата со организираниот криминал. Муареми повлекол два предмети што ги доставил до СЈО, а се однесуваат на „Скопје 2014“ за да не застарат, а постапката ќе ја продолжи во Јавното обвинителство.

„За случајот ‘Рекет’ не бев повикан да постапувам. Не сум имал никакви средби со Бојан 13, а истрагата кај нас се водеше за невладината организација. Имав средба со двајца од вмешаните бизнисмени на која се разговараше за отворање на пензионерскиот дом, но тие не ми кажаа дека се уценувани“, вели Арафат.

Муареми открива дека од Македонија криминално стекнатите пари најчесто се изнесуваат во кеш. Нејчести дестинации каде што тие се одлеваат се Пакистан и Белизе.
За сето ова и можноста да се врати довербата во институциите и да продолжи борбата со оргнизираниот криминал, во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Томовска: Во координација со финансиската полиција ќе одлучиме дали инспекцискиот надзор во М-НАВ ќе се прошири

Управата за финансиска полиција врши проверки во М-НАВ

Горан Наумовски

Арсовска игра шах со Дедо Мраз додека ги чека резултатите од истрагата на Финансиска за украсувањето

Орце Костов

Финансиската полиција денеска треба да влезе во Град Скопје

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице за даночно затајување

Ана Ололовска

Трговци со зеленчук ја оштетиле државата за 300.000 евра: Финансиска со кривични за даночно затајување

Орце Костов