(ВИДЕО) Апостолоски: Расипништвото и катастрофалното работење на Наумоски заземаат загрижувачки размери

Од:

„Расипништвото и катастрофалното работење на Александар Наумоски заземаат загрижувачки размери. Ѓорче Петров е општина која што се дави во ѓубре, кал, насекаде никнуваат депонии, граѓаните ги немаат ниту елементарните потреби за нормално функционирање и живеење, а Наумоски ќе вработува нови 13 партиски пајташи кои општина Ѓорче Петров ќе ја чинат половина милион денари месечно, или над 6 милиони денари годишно.

За буџетот со кој располага општината Ѓорче Петров, оваа сума на пари ќе го загрози нормалното функционирање и редовното сервисирање на обврските, за кое што отворено стравуваме дека сериозно ќе го намали нивото на основното и претшколското образование, како и нормалниот тек на работните обврски на општината.

Откако Наумоски е градоначалник, скоро и да го удвои бројот на вработени административци во општината, кои ги плаќаме ние граѓаните, со наши пари. Проекти нема, проблемите не се решаваат, општината не се развива, а заедно со проблемите, расте и револтот на граѓаните. Додека градоначалникот нема пари за вработување на воспитачки во градинките и наставнички во основните училишта, истиот тој најде средства за ситуирање на своите партиски војници“, рече Данијел Апостолоски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наумоски соочен со извесниот пораз кој го чека СДСМ на предвремените парламентарни избори на 12 април 2020 година, а потоа и на локалните избори, брза да ги вработи партиските војници на СДСМ кои треба да бидат платени со народни пари, а граѓаните ќе немаат никаков бенефит од тоа.

Согласно програмата за вработување, Наумовски до крајот на оваа година сака да вработи уште 11-мина, кои без исклучок применувајќи ја досегашната практика, ќе бидат членови и активисти на СДСМ, од кои најголемиот дел ќе земаат плата од локалната самоуправа, а ќе работат во партиските штабови на СДСМ.

Се додека Наумоски, неговата фамилија и криминалците од СДСМ се богатат на грбот на граѓаните, ќе бидат соочувани со реалноста од секојдневните херои како баба Перса, а ние како ВМРО-ДПМНЕ будно ќе го следиме процесот на вработување, и транспарентно ќе ја известуваме јавноста за сите постапки и за сите избрани кандидати, објавувајќи ги со име, презиме и НИВНАТА ПАРТИСКА ФУНКЦИЈА“, изјави Данијел Апостолоски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ