(ВИДЕО) Апостолоски: Неспособноста на Александар Наумоски и СДСМ остави илјадници основци и ученици на целодневна настава без оброци

Од:

„Неодговорноста и неспособноста на Александар Наумоски и СДСМ остави илјадници основци и ученици на целодневна настава без оброци.

Оваа година учениците од училиштата Димитар Поп Георгиев Беровски, Ѓорче Петров, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Тихомир Милошевски и Јоаким Крчоски за првпат во последнава деценија учебната година ја започнаа без обезбеден оброк“, рече Данијел Апостолоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради неодговорноста на Наумоски и ненавремената реализација на постапката за јавна набавка на оброк за учениците, илјадници деца се принудени сами да се снаоѓаат за храна, да носат од дома или да купуваат.

Александар Наумоски наместо да се крие и да молчи да одговори, до кога илјадници ученици во Ѓорче Петров ќе немаат оброк? Ова е недозволиво и понижувачки за учениците.

Александар Наумоски ако не знае како да работи и како да ја води општината, пред да им нанесе огромна штета на граѓаните на општина Ѓорче Петров да си поднесе оставка“, изјави Данијел Апостолоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче