(ВИДЕО) Апасиев: За секој клиентелистички закон крвта со памукче ќе ви ја пиеме

Од:

Говорот на претседателот на Левица-Димитар Апасиев на вчерашната тензична седница за воведување втор заменик-директор на Царинска управа.

„Колешке богаташке Дафина, за ајванот никој не е јунак, не оти јунакот не е јунак, туку оти ајванот е ајван. Паметните ќе разберат, вие богатите можеби не. Кога се обидуваме им кажеме дека корупцијата не го уништува политичкиот систем на луѓето, туку обратно, политичкиот систем којшто вие го креирате, кој е во срж’та корумпиран, ги уништува животите на луѓето, нормално е богаташите да се фрустрираат. Кога најгнасниот интерес, бесрамно ни го прикажувате како некое си јавно добро, вие само слугувате на вашите теснопартиски интереси!

Имате жестока опозиција која е олицетворена во овие пратеници и ќе бидете спремни на ‘фајт’. ‘Мастермајндот’ на власта е се да спопикаат во три дена. Ние сме единствениот Парламент во светот, а тоа ќе го докажеме фактографски, а можеби и пред Уставен суд, што ЗАБРАНИ на опозицијата да зборува, дури и сега временски! Наместо три дена да зборуваме, ние зборуваме еден ден.

Сакате да ни го одземете и тоа малку право што го имаме како опозиција. Јавно ви кажувам, за секој ваков клиентелистички закон ова ќе ви биде секојдневие. Колку и тоа да ве фрустрира, извинете што ви го нарушивме викендот, тоа ќе ви биде секојдневие. Колку и да се курчите, не ви се плашиме. Не ви се плашевме во време на Грујо, не па сега, вие сте мачкина кашлица за тоа ВМРО”, рече Апасиев.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

Левица на Економскиот форум во Владивосток: Македонија мора да ги препознае можностите на новиот мултиполарен свет

А1он

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Левица: Вирусот од западнонилска треска не исчезнува затоа што ДПМНЕ престана да објавува неделни извештаи

А1он

ДПМНЕ ќе менува закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО, тврди Левица

A1on

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност