(ВИДЕО) Антовски: Бонбона бизнисот со продажба на Тиквешко езеро ќе донесе милиони на блиски луѓе на Заев чија влада е во заминување

Од:

„Заев и Владата во заминување ја распродаваат државата, овој пат стигнаа и до новиот бонбона бизнис продажба на Тиквешко езеро. Бонбона бизнисот со продажба на Тиквешко езеро ќе донесе милиони на блиски луѓе на Заев чија влада е во заминување.

Никој во светот не продава таков стратешки имот. СДСМ ги користи последните денови на власт за да ги наполни џебовите на своите олигарси“, рече Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова значи грабеж на граѓаните. Пред избори туркаат грабеж. Планот за ЈПП за ХЕЦ Чебрен е штетен за државата, бидејќи според истиот на АД ЕЛЕМ би му припаднале само 25% од акумулацијата. За сметка на приватниот инвеститор кој би бил мнозински сопственик.

Со овој план на 50-тина дена пред изборите СДСМ сака да го даде целиот воден фонд на Црна Река на приватен стопанственик, а воедно и управувањето со хидроцентралата Тиквеш.

Правното лице кое ќе ја добие концесијата од Владата ќе ја има една од најдолгите реки во државата и хидроцентралата Тиквеш на поклон.

Ова е втор бонбона бизнис на СДСМ во енергетскиот сектор. И овој пат граѓаните остануваат повторно со празни раце.

Вакво раскрчмување на водниот потенцијал на Македонија нема да дозволиме. Црна Река е огромно богатство за државата и истата треба да биде искористена на начин на кој ќе има најголем бенефит за граѓаните

Уште еднаш апелираме власта да запре со раскрчмувањето на државните ресурси. Одговорност ќе има“, изјави Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче