ВИДЕО: Анонимен архитект го пофалил „Скопје 2014“, граѓаните бараа да дознаат кој е тој

Од:

Негодување и незадоволство се забележуваше кај граѓаните кои присуствуваа на денешната седница во Општина Центар, а по однос на забелешките и аргументите на советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Овие советници се обидуваат да ја оспорат иницијативата за распишување на референдум и со своите обраќања ја одолговлекуваа дискусијата од финалното гласање.

Најбурни реакции доби говорот на советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Трпески, кој рече дека извесен многу почитуван архитект, го пофалил проектот „Скопје 2014“. Од извесни причини тој не сакаше да го каже неговото име иако присутните граѓани инсистираа.

– Архитектот прошета низ Центар и го побарав неговото размислување за она што го гледа. Тој ми одговори дека не е потребно човек да биде професионалец за да процени дали некој простор е добро организиран, доволно е што има луѓе што го користат тој простор – рече Трпески на што граѓаните реагираа со смеење.

– Кажете го името. Ќе се лажеме ли сега? Кој е тој архитект? Зошто го криете, со криење ли ќе работиме? – прашуваа граѓаните на што Трпески рече дека мора да ја зачува неговата анонимност затоа што непознатиот архитект бил тука од други причини.

Претседавачот на Советот, Мирослав Шиповиќ, мораше да ги смирува граѓаните и да побара од нив да го почитуваат редот на седницата. Интервенираа и општинските служби.

Незадоволството на граѓаните се манифестираше и во мигот кога воздржано гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Гласањето беше поединечно, па граѓаните бараа советниците од оваа коалиција погласно да кажат како се изјаснуваат.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски