(ВИДЕО) Анкета: Од Владата нека си седат дома, ние мора да работиме

Од:

„Не е во ред едни да работат, а оние што добиваат плата од џебот на граѓаните да си седат дома“, „зборуваа едно пред да дојдат на власт, а сега го прават истото како ВМРО-ДПМНЕ“. Вака реагираа граѓаните и приватниците пред камерата на „А1он“ откако владата синоќа скришно и сама си донесе одлука за втори јануари службениците да седат дома и заедно со викендот да си добијат 4 дена одмор.

„Само си одмораат, има еден куп празници. Ако веќе донеле одлука треба тој ден да го одработат, но не верувам дека тоа ќе случи.“

„Ако е одлуката таква, треба и приватниот сектор да не работи. Си одлучија за себе, а за другите не е важно. Не е во ред, категорично сум против“.

„Сите работат, нема одмор за децава што работаат по дуќаните. Работат секој празник, и за Бајрам и за Божиќ. Ако се побуни, ќе го отпушти газдата. Како да не дојде на работа?!“

Владата ги повика газдите од приватниот сектор да затворат на 2 јануари и тие да седат дома. Но, дел од дуќанџиите кои зборуваа за „А1он“ кажаа дека тоа не е возможно.

„Ние сме услужна дејност, како да затвориме. Невозможно е. Ако затворат сите, каде ќе јадат луѓето.

„Приватно е друго, тешко да затвориме. Никој не сака да губи ден и промет“, изјавија анкетираните дуќанџии.

По синоќешната објава на информацијата, жестоки реакции има и на социјалните мрежи. Еве дел од објавите на твитерџиите:

„Седница на Влада:

-Дечки кнап е работава, сè е хаос у државата, дајте да чујам решенија?

-Да им го дадеме 2 јануари неработен ден?

-Генијално!“

„Прават муабет двајца од администрација. Едниот на другиот му вика. Абе брат и 2 ќе биде неработен ден за нас? Другиот одговара : А кој бил работен?

„2 јануари и досега беше неработен за администрацијата, само дел од нив мораше да се појават и да ги куцнат картичките на тие што не идат“, пишуваат твитерџиите.

Дополнително, во текот на јануари согласно со календарот за празнување администрацијата ќе кари уште пет неработни дена. Со празнувањето на Божиќ, кој годинава е во понеделник, државната служба ќе ужива во првиот од вкупно седум продолжени викенди во 2019 година.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Анкета во Шпанија: Трамп е поголема закана за мирот од Путин

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија