(ВИДЕО) Анкета: „Чистка“ на сите, први на тапет министрите за здравство и образование

Од:

Премиерот Заев требаше одамна да земе „челична метла“ и да ги тргне несоодветните кадри, а не да чека дa поминат две години, порача револтиран граѓанин пред камерата на А1он, на прашањето кој од министрите треба прв да ја напушти фотелјата. Сепак, тие потенцираат дека најмногу пропусти има во здравството и во образованието.

„Треба да ги викне еден по еден сите, од прв до последен и да ги праша од каде ти се парите, чија е оваа зграда од 5 милиони евра, ако се е чисто добро, ако има криминал надвор и парите да си ги врати. Знаете во Македонија има луѓе што имаат по 5 хотели, јас 40 години работев во Швајцарија имам пензија од 15.000 франци, па можам да кажам дека сум просечен граѓанин. Се знае тоа се пари од криминалот, на тоа треба да се стави крај“

„Здравството е катастрофа, нема кадри, се чека на шалтери цели денови, нема услуга, нема ништо. Заев треба сериозно да размисли, во каква состојба ни е здравството и за тој што го води“

„Сметам дека треба да има смена на министерот за образование, не си ја врши работата како што треба, нема никакви резултати“

„Ќе си направи список, ќе види кој како работел, но едно треба да знае, тој е домаќинот тој треба да си ги среди работите во куќата, а не гостите“, вака одговорија дел од граѓаните во анкетата на А1он.

Генерлано, граѓаните тврдат дека иако очекувале многу од оваа власт, се чувствуваат изневерени, пред се поради слабиот капацитет на голем број институции кои ги водат несоодветни партиски кадри.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

Германската крајна десница АфД е на второ место на анкетите, една недела пред европските избори

A1on

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

A1on

Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

A1on

Пад на поддршката за членство во ЕУ, само 24 отсто од граѓаните даваат поддршка за уставните измени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) И „вмровците“ и „сдсмовците“ ја сметаат Бугарија за најголема закана, а Србија е најголем пријател за граѓаните

A1on