(ВИДЕО) „Анима мунди“: Скопјанец среде бел ден му го застрелал кучето на соседот

Од:

Во сабота среде бел ден скопјанец застрелал куче за кое се грижел неговиот сосед во Трубарево со цел да го убие и со образложение дека му ги бркало кокошките. Со пушка го застрлал и оставил кучето да умре, објави „Анима мунди“.

Застрелал куче среде бел ден – бараме најстрога казна и полиција за животни во Македонија!

Каубојски времиња на американскиот Див запад или Македонија во 21ви век?!Информираме дека во сабота , 08.12 среде бел ден Скопјанец застрелал куче за кое се грижел неговиот сосед во Трубарево со цел да го убие и образложение дека му ги бркало кокошките. Со пушка која, речиси сме сигурни дека не ја поседува легално, го застрлал и оставил кучето да умре. Погледнете го кучето – мало, сосем безопасно кутре кое одвај тежи 10 килограми, застрелано во глава и оставено да се влече и го испушти последниот здив. Неговата среќа во несреќа е што луѓето кои го вдомиле од улица и се грижат за него го слушнале истрелот, повикале полиција и веднаш излегле да го бараат, по што се обидуваат да го спасат. Снимката е вознемирувачка. Снимката е вознемирувачка но неопходно е да се види со што се соочуваат животните секојдневно и во каква држава ние живееме, затоа што насилството врз нив не е исклучок, туку норма. Бараме најстрога кривична казна за сторителот на ова дело, затворска казна за него и секој друг кој ќе посегне со насилство врз животните. Очекуваме полицијата да постапи согласно пријавата од сопствениците и доказите кои ги затекнале на лице место, пушка која се користела и која освен по кучето е закана за безбедноста на секој поединец.Згрозени сме што злоставувањето на животните во нашата држава е зад секој агол и на секој чекор, за насилството се молчи или како по правило се неутрализира по важност.Бараме итно Полиција за животни во Македонија или ополномоштена Служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните во Македонија составена од членови на здруженијата, љубители и активисти кои се единствени кои ваквите деликти ги истражуваат и пријавуваат, додека институциите постапуваат само реактивно, кога мораат – во спротивно одбираат да молчат. Тоа е концепт кој со години го предлагаме да влезе во Законот за заштита и благосостојба на животните, кој се игнорира а кој сега има вистинска можност да се дефинира во законот, бидејќи законот ќе претрпи ревизија и измени. Апелираме до граѓаните кои имаат сознанија за вакви или слични инциденти да пријавуваат во полиција или да не контактираат и ни го проследат секој можен доказ кој би помогнал да поднесеме тужби – на тој начин ќе придонесат ваквото грозоморие да запре. Следете го примерот на луѓето кои пријавија чија хуманост е спасот за ова куче.

Posted by Anima Mundi – здружение за заштита на животни on Понеделник, 10 декември 2018

„Погледнете го кучето – мало, сосем безопасно кутре кое одвај тежи 10 килограми, застрелано во глава и оставено да се влече и да го испушти последниот здив. Неговата среќа во несреќа е што луѓето кои го вдомиле од улица и се грижат за него го слушнале истрелот, повикале полиција и веднаш излегле да го бараат, по што се обидуваат да го спасат. Снимката е вознемирувачка, но неопходно е да се види со што се соочуваат животните секојдневно и во каква држава ние живееме, затоа што насилството врз нив не е исклучок, туку норма. Бараме најстрога кривична казна за сторителот на ова дело, затворска казна за него и секој друг кој ќе посегне со насилство врз животните. Очекуваме полицијата да постапи согласно со пријавата од сопствениците и доказите кои ги затекнале на лице место, пушка што се користела и која освен по кучето е закана за безбедноста на секој поединец”, соопшти организацијата.

Тие велат дека се згрозени што злоупотребата на животните во нашата држава е зад секој агол и на секој чекор, за насилството се молчи или, како по правило, се неутрализира по важност.

„Бараме итно полиција за животни во Македонија или ополномоштена служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните во Македонија составена од членови на здруженијата, љубители и активисти кои се единствени кои ваквите деликти ги истражуваат и пријавуваат, додека институциите постапуваат само реактивно, кога мораат – во спротивно одбираат да молчат. Тоа е концепт што со години го предлагаме да влезе во Законот за заштита и благосостојба на животните, кој се игнорира а кој сега има вистинска можност да се дефинира во законот бидејќи законот ќе претрпи ревизија и измени. Апелираме до граѓаните кои имаат сознанија за вакви или слични инциденти да пријавуваат во полиција или да нè контактираат и ни го проследат секој можен доказ што би помогнал да поднесеме тужби – на тој начин ќе придонесат ваквото грозоморие да запре. Следете го примерот на луѓето кои пријавија чија хуманост е спасот за ова куче”, се вели во апелот.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Предраг Петровиќ