Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, обвини дека и новиот закон за бранители поднесен од владеачката партија, нема да биде донесен.
Тоа според него го знаат и од ВМРО-ДПМНЕ, кои на овој начин сакаат да спечалат поени, иако, како што рече, знаеле дека ДУИ ќе го блокира со 15.451 амандман.
Ангелов рече дека власта имала седум години да го реши овој проблем, но се досега не покажала волја, за да им ги даде правата на бранителите.