(ВИДЕО) Ангелов: Тоа што за Вељаноски e беспредметно, за нас е од национално значење

Од:

Достоинство се зачудени од отфрлањето на сите 4 иницијативи за референдум од страна на претседателот на Собранието но уште повеќе од формулацијата „дека се беспредметни предлози“.

-Сакаме да го потстиме Вељаноски да го причита членот 67. од Законот за реферндум каде пишува дека претседателот кога ќе утврди дека иницијативата е уредна ќе го извести во рок од три дена овластениот предлагач.

– Доколку утврди дека е неуредна, прашањето за иницијативата ја става на дневен ред на Собранието, но не подоцна од 15 дена. Сметаме дека нема право вака да ја прогласи иницијативата за беспредметна. Ако за него се беспредметни прашањата, за нас се од национално значење, изјави Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.


Тој повика Вељаноски да го почитува Законот за референдум и четирите прашања да ги стави на дневен ред на седница.

-Поставуваме прашање врз основа на што го одби нашето прашање за ветераните на ОНА, дали може да добијат права утврдени со закон? Без никакво издрзано образложение сме одбиени и за ова парашање, рече Ангелов.

Тој најави дека Достоинство нема да се откаже од намерата, и потсети дека се чека одговор и од Уставниот суд по однос на уставноста за забраната за референдум за одредени прашања.

Достоинство иницираше покренување референдум за четири прашања-за територијалната поделба за Кичево и Струга, за автентично толкување на Законот за амнестија, припадници на УЧК да не можат да вршат високи функции, и ветераните на ОНА дали може да добијат права утврдени со закон.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски