(ВИДЕО) Ангелов: Талат Џафери да каже што знае за Вејце

Од:

Пред 12 години патрола на АРМ и полицијата кај Вејце наиде на заседа на УЧК, по 4 полиција и 4 армиски волци. И по убивањето, беа масакрирани и од блиску им пукале во глава. 12 години подоцна немаме одговор зошто биле убиени, со оглед дека во тој период беше затишје и немаше никакви воени акции, рече лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов кој положи цвеќе пред споменикот на бранителите од 2001 ва.

-Интересно е што тој ден дежурен во касарната во Тетово бил командант Форина, а денешен министер за одбрана, Талат Џафери. Токму затоа го прашуваме Форина, односно Талат Џафери да каже што знае за оваа заседа и зошто неколку дена подоцна дезертираше од АРМ, праша Ангелов.


Ангелов по вчерашното соопштение на Бедем во кое обвинуваа дека Андреј Жерновски ќе ги уривал спомениците на бранителите, рече дека никогаш нема слушнато никаква изјава на Андреј Жерновски во врска за спомениците на бранителите.

-Тие се здруженија формирани од ВМРО-ДПМНЕ кои се појавуваат кога треба да обработат нешто за нив. Не го запомнив името на здружението, но каде беа кога протестиравме против изборот на Талат Џафери за министер за одбрана и ги прашувам дали ќе ја прифатат иницијативата за референдум да им се забрани на припадници на УЧК да вршат јавна функција, иницијатива која утре ќе ја поднесеме до државната изборна комисија, рече Ангелов.

Предраг Петровиќ

Би можело да ве интересира

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски

Министерството за одбрана ја почна постапката за изградба на споменици на загинатите бранители Љуботенски бачила, Карпалак и Вејце

Катерина Ѓуровски

Банкината им е споменик на загинатите крај Карпалак и по 22 години: Петровска ќе бара дозвола од Желино да постави спомениик

Орце Костов