(ВИДЕО) Ангелов: Пожарникарите ноќва ќе ги бранат објектите на Јавното претпријатие „Јасен“

Од:

По два БТР и „хермелини“, четири „пинцгауери“ и повеќе противпожарни возила и ноќва ќе се фокусираат на одбрана на објектите на Јавното претпријатие „Јасен“, информираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Ангелов во видео-изјава објавена на „Јутјуб“ рече дека во моментов, освен пожарот што веќе неколку дена беснее на територија на ловиштето „Јасен“, во државата нема други сериозни пожари.

– За жал, долниот дел што се простира под патот што од ловиштето „Јасен“ води кон езерото Козјак, а понатаму кон општината Македонски Брод, е сè уште активен. Има голема зачаденост. Набргу, со стемнувањето ќе може да се видат на некои места и пламени јазици затоа што огнот на некои места се одвива во борова шума, рече Ангелов.

Тој појасни дека денеска биле загрозени и објектите на ЈП „Јасен“, но, како што нагласи, благодарение на брзата и енергична акција, огнот бил спречен да се прошири.

– Денеска тие се наш приоритет за одбрана бидејќи од задната страна постои опасност огнот да се приближи кон овие објекти. Затоа, одбраната ја засиливме со уште два „БТР“-и на ДЗС. „БТР“-ите се стратешки распоредени, односно на позиции од каде што ќе можат да дејствуваат врз пожарот доколку истиот се упати кон објектите на ЈП „Јасен“. На лице место, покрај овие два „БТР“-и, се наоѓаат и четири „пинцгауери“ и два „хермелини“ на Дирекцијата, но, истовремено имаме и повеќе противпожарни возила, додаде Ангелов.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Девет пожари на отворено од кои пет се активни

Горан Наумовски

Во Британска Колумбија е прогласена вонредна состојба, евакуирани се 22.000 луѓе

ЦУК предупредува: Многу висок FWI попладнево носи зголемен ризик од шумски и отворени пожари

Во Горно Лисиче гори ниска вегетација, дрва и пченка

Горан Наумовски

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни

Мицевски: Во Сопиште гори гори нискостеблеста шума, засега нема опасност за населението

Горан Наумовски