(ВИДЕО) Ангелов: Поднесовме иницијатива за распишување на четири референдумски прашања

Од:

Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство објави дека денеска со сто иницијални потписи поднеле иницијатива до Собранието на Македонија за распишување на четири референдумски прашања. Претседателот на Собранието е должен во рок од три дена да одговори дали инцијативата е уредна или не.

Очекувајќи Собранието да овозможи Достоинство да започне со собирање на потписи за четирите референдумски прашања, Ангелов забележа дека познавајќи ја ситуацијата во Македонија, постои можност Претседателот на Собранието да прогласи некои од прашањата за уредни, а некои не.

Сепак за оние прашања кои ќе бидат прогласени како уредни, процедурата продолжува, односно Премиерот треба да го извести Министерството за правда дека иницијативата за собирање на потписи започнува.

„Иницијативата за собирање на потписи е одредба која постои во Законот за Референдум, а се коси со една одлука на Уставниот суд. Имено во овој период надлежен за собирање на потписите не е Министерството за правда, туку Државната изборна комисија“, забележува Ангелов.

Тој потсети на поднесената иницијатива до Уставниот суд во април, каде бараа укинување на член 28 со ставовите 1 и 3 од Уставот, кои го ограничуваат правото на собирањето на потписи за рефенедум за прашања поврзани со амнестија и закони донесени со Бадентерово мнозинство.

„Сметаме дека овие одредби од законот за рефенедум се неуставни, бидејќи со косат со член 54, став 1 од Уставот, затоа што ограничување може да има само со Устав, не може со Закон да се ограничи нешто кое не е ограничено со Уставот“, додаде Ангелов.


Ги повикуваме сите експерти да се изјаснат за нашата иницијатива, повика Ангелов, додавајќи дека многу малку од нив го искажале јавно својот став за нивната иницијатива.

„Нашата иницијатива не е антиалбанска, ние немаме ништо против албанците“, изјави Ангелов.

Референдумските прашања за кои што е поднесена инцијативата се:

• Дали сте за или против Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија?

• Дали сте за или против автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија со кое се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршувањето на казната затвор извршители на воени злосторства против цивили во конфликтот од 2001 година?

• Дали сте за или против припадниците на ОНА, кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да вршат јавни функции во Република Македонија?

• Дали сте за или против припадниците на ОНА, кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да добијат посебни права утврдени со закон?

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски

Банкината им е споменик на загинатите крај Карпалак и по 22 години: Петровска ќе бара дозвола од Желино да постави спомениик

Орце Костов

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски