(ВИДЕО) Ангелов од Попова Шапка: Ќе бараме решение да се намали ризикот од средби со мечките, ова е сепак територија во која природно припаѓаат

Од:

Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. “фри рајд” скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка.

– Десетчлената група скијала „фри рајд“ надвор од патеките. На едно место под неколку елки групата застанала да одмори, но во нивна близина се нашле две мали мечиња. Штитејќи ги своите мечиња, мајката мечка го нападнала еден од туристите и го гризнала за ногата по што побегнала.
Повредениот бил качен во ратрак, донесен до Попова Шапка и со итна медицинска помош бил префрлен во една од тетовскитре болници, каде што раната била санирана. Не се работи за тешка рана, бидејќи туристот ја напуштил болницата.

Последната година имаме пријави за зголемен број на мечки на Шар Планина и на овој дел околу Попова Шапка. ЦУК ќе иницира работни средби со раководството на националниот парк „Шар Планина“ да се изнајде решение со кое опасноста или ризикот по граѓаните кои овде планираат и скијааат, од средби со мечките ќе биде намалена. Се работи за територија во која мечките природно припаѓаат и ваквите несакани појави кога мечка исплашена за моите мали би нападнала човек би ги сведеле на минимум – објасни директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој веднаш се упатен кон Попова Шапка на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Гром усмрти маж во прилепско

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Исчезнат е повеќе од една седмица: масовна потрага по човекот од Степанци

Четири дена се трага по исчезнатиот жител на штипското село Степанци

ЦУК: Дрвја што го попречуваа текот на реката Пена се отстранети

Горан Наумовски

Активен пожар во Дрисла, вчера вкупно 28, а месецов 484