(ВИДЕО) Ангелов: Албанците да ја повлечат платформата, бараме средба со Ахмети

Од:

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов побара од албанските партии да ја повлечат платформата поради тоа што Албанците во Македонија имаат многу по приоритетни барања кои ќе им го олеснат и подобрат секојдневниот живот наспроти оние кои стојат во платформата потпишана во Тирана.

Ангелов исто така наведе дека кај поголем дел од македонскиот народ барањата од платформата се доживуваат како целосно неиздржани, непотребни па дури и силно провокативни.

-Во име на мирот во Македонија, во име на подобрување на меѓуетничките односи, во име на поквалитетен живот за сите македонски граѓани ги повикуваме лидерите на партиите на Aлбанците во Македонија, потписнички на т.н. тиранска платформа да ги повлечат спорните барања од платформата и со тоа на дело да покажат дека навистина и мислат добро на Република Македонија, како што ние сакаме да им веруваме, вели Ангелов.

Тој побара средба со поранешниот командант на УЧК и лидер на ДУИ, Али Ахмети на која ќе се укажат причините за повлекување на барањата од платформата на Aлбанците.

-На оваа средба најчовечки ќе се обидеме да укажеме зошто е добро да се повлечат дел од овие барања, но и воедно дека е крајно време да се започне една сеопфатна, долготрајна, демократска дебата која што ќе ги опфати сите прашања без разлика колку и да се болни за македонскиот народ. Заедно да ја изградиме Македонија во модерна, демократска и побогата држава, рече Ангелов.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Ангелов: Бројот на пожари висок, третиот „ер трактор“ во фукција на почетокот на август

Ангелов: Откриен обид за предизвикување пожар на Осоговските Планини

Ангелов: Пожар делумно го зафати покривот на црквата кај село Мршевци

А1он

Ангелов: Јавниот повик за прием на 400 пожарникари по владината мерка за поддршка во борбата против пожарите завршува во четврток

ВИДЕО: Пожарите во Крушје и Локвица ќе бидат потешки за гаснење, предупредува Ангелов

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ

А1он