(ВИДЕО) Андоновски: Заев го смета македонскиот народ за експериментална нација

Од:

Овој викенд имало разговори помеѓу владини преставници на Бугарија и Македонија кои се одвивале во Софија. Овие информации ги потврдува и Зоран Заев коj рече дека се разговарало на ниво на работни групи под раководство на македонскиот и на бугарскиот министер за надворешни работи – рече на прес конференција членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

„Заев го смета македонскиот народ за експериментална нација, која може да прифати сè што ќе и се сервира на маса. Прифаќајќи патокази и анекси, Заев го поплочува патот кон поразот на македонскиот идентитет. Ветувања кои сте ги давале кај високи функционери во Софија, сега морате да ги испорачате. Затоа го повикуваме македонскиот народ на протести. Масовни протести. Во секој град, во секое село. Продолжуваме, сите заедно за да не биде предоцна. Да излеземе на улиците, почитувајќи ги здравствените мерки и заштитувајќи се себеси и најблиските, и на мирен и демократски начин, да им покажеме дека сме горди, достоинствени Македонци кои не отстапуваат од своето. Денес ве повикуваме да ни се приклучите во Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Струмица, Гевгелија, Неготино, Крушево, Македонски брод, Кичево, Гостивар и Струга“ – рече Андоновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?