(ВИДЕО) Андоновски: На Клиниката за гинекологија бебињата не се вакцинираат против туберкулоза

Од:

„Овде сме да порачаме дека ваква несериозна власт никогаш повеќе не смее да и се повтори на Република Македонија. Никола Тодоров и здравствените власти не се грижат дури ни за бебињата!

Од оваа Клиника за гинекологија, новороденчињата веќе 4 месеци се испуштаат без примена вакцина против туберкулоза, или позната во јавноста како BCG.

Еве копии од картончиња од пуштени новороденчиња дома, на 13 и 14 февруари, каде што јасно се гледа дека не им била ставена BCG вакцина. До овој момент вакцини нема!

Ова е доказот дека се испуштаат бебињата без примена вакцина BCG. Овде јасно е заокружено едно големо не!

Иако е најпрепорачливо новороденчињата да бидат вакцинирани против туберкулоза веднаш по раѓањето, родителите не можат да ги однесат на вакцина бебињата ниту во диспанзерите. Според информациите што ги имаме нема BCG вакцини ни во поликлиниката Битпазар, ни во Идадија, ниту во поликлиниката Букурешт, а дури ни во поголемите градови ширум Македонија.

Најскандалозно е тоа што Никола Тодоров знае дека нема BCG вакцин. Токму сопругата на неговиот советник се породувала тука на Гинеколошката клиника, пред три недели, кога била дигната фама дека бебето на советникот на Тодоров, треба да биде испишано без примена BCG вакцина. Тогаш веднаш била донесена доза од којашто биле вакцинирани и другите 30 новороденчиња, кои имале среќа да се таму кога се родило бебе на советникот на Никола Тодоров.

Затоа, однапред предупредуваме да не помисли власта во заминување да се вади со рокови до кога новороденчињата може да ја примат вакцината. Ова е скандалозно, безобразно, несовесно однесување на криминалната власт во заминување којашто ја интересираат само тендери и провизии и ништо друго и за тоа ќе има одговорност!

Граѓаните избраа промени и тоа во Македонија треба што поскоро да се случи, за да бидат заштитени и новороденчињата и здравјето на граѓаните“, изјави д-р Ангелчо Андоновски, член на Комисија за здравство на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

ВИДЕО: СДСМ се повлече од Комисијата за финасирање, ќе поднесе кривична за Гаши

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски