(ВИДЕО) Aндоновски: Коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе Гостивар до колапс

Од:

ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс. Ова е вистинското лице на локалната самоуправа во Гостивар, предводена од коалицијата СДС, ДУИ и Таравари. Поради основано сомнение дека се поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, е директно загрозено здравјето на граѓаните, изјави Мартин Андоновски, претседател на ОК Гостивар.

– Над 1.000 граѓани појавиле симптоми на труење, за кои се сомневаме дека станува збор за загадување на питката вода за Гостиварчани. Ваквиот начин на водење на локална самоуправа е доказ дека СДС, ДУИ и Таравари немаат капацитет и квалитет да ја водат општината. ВМРО-ДПМНЕ е заедно со Гостиварчани. Граѓаните очекуваат достоинствен живот, а не да живеат во страв поради неодговорно владеење на СДС, ДУИ и Таравари. Очекуваме расплет на овој скандал од страна на надлежните институции, кои ги повикуваме да го истражат овој случај, рече Андоновски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

ЦЈЗ Тетово ја прекина состојбата на епидемија во Гостивар