(ВИДЕО) Андоновски: Благодарни сме за споменикот на Александар, најголемата геј икона во светот

Од:

Дали со уставните измени за брачната заедница, власта сериозно мисли дека може да го негира постоењето на ЛГБТ заедницата?

Дали со дефинирањето на вонбрачната заедница ќе исчезнат овие луѓе и како треба да се постапи кон една ваква тенденција на власта?

Зошто се интервенира во слободите и правата на секој човек, посебно ако се знае дека во Македонија никој не побарал ниту истополов брак, а уште помалку посвојување на деца?

Ова беа дилемите на расправата по нацрт амандманите со кои се предвидува бракот и вонбрачната заедница уставно да се дефинираат само меѓу еден маж и една жена.

Учесниците посочија дека уставните измени иако се опасни, нема да ја променат реалноста во земјава-дека постојат и поинакви заедници и врски врски, освен хетеросексуалните.

-Со ваков амандман се потврдува постењето на ЛГБТ заедницата, инаку од кого би се штителе? Кога Александар Македонски се еректираше на сред плоштад, ние сите бевме и сме бладогодарни што ни поставија најголем споменик за најголема геј икона во светот. Во Косово и Албанија, во членовите од Уставот кои се однесуваат на семејниот живот се вели дека секој има право на брак без прецизирање на полот. Во Црна Гора и Србија е дефинирано дека бракот е меѓу маж и жена, но овие устави немаат ништо за заедничкиот живот и вонбрачната заедница, рече Кочо Андоновски од ЛГБТ Центарот.

За Уранија Пировска, директор на Хелсиншкиот комитет предложениот нацрт амандман е контрадикторен.

-Нацрт амандманот 33 предвидува- бракот да се дефинира како животна заедница од само една жена и само еден маж. Регистрирана заедница или било кој облик на животно партнерство е само меѓу една жена и еден маж. Владата вели дека бракот треба да се заштити од современите текови, и дека оваа заедница е дела од човековата историја и дел од сите посточеки религии во Република Македонија. Ако интенцијата е да се заштити бракот од негово редифинирање тогаш зошто истовремено се предвидува вонбрачна заеница, и зошто предлагачот се повикува на оваа константа на посточките религии ако се има секуларниот карактер на државата, посочи Пировска.

Ирена Цветковиќ од Коалицијата сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници ги сублимираше сите настани поврзани со насилство врз ЛГБТ заедницата, кое призлезе од говорот на омраза на власта.

-Кога се носеше Законот за спречување и заштита од дискриминација, сексуалната ориентација беше избришана од работната група. Во 2010 година оние кои го бранеа законот беше да се зштитат од можно идно барање на истиоплови бракови или партнерства. Од тогаш, досега, законот е во иста форма, игнорирајќи ги забелешките на Европската комисија која кажува дека законот не е во согласнот со политиките на ЕУ. Хомофобичната кампања на Спиро Ристевски кога беше министер, се прошири премногу брзо за на крај да завршивме со тужба против нас зашто сме ги навредиле хетеросексулците и хетеросексуалните брачни парови. Оваа власт не може да разбере дека говорот на омраза иницира бран на силство. По кампањата на Спиро Ристевски следеше период во кој бевме мета на физичко насилство, веднаш потоа се случи „Маршот за толеранција“, кога двајца активисти беа нападнати. Билбордите со кои се промовираа некои права на заедницата беа уништени, шлагот беше отворањето ан ЛГБТ Центарот, кој беше неколкукратно кршен и на крај имаше обид да биде запален. Токму во тој простор за прв пат се одржа „Недела на гордоста“ во Скопје, каде 30 тина луѓе бевме нападнати. Година и нешто од тогаш нема никаков исход, напаѓачите не се фатени иако беа на чекор од полицијата, рече Цветковиќ.

-Во една ситуација на нефункционирање на посточеките механизми за заштита од насилство, во контекст кога говорот на омраза е неказнив и се промовира, кога во нашето образование има хомофобични содржини, кога Македонија е на дното во Европа по правата на ЛГБТ заедницата – во такви услови владата решава да го заштити народот од злото кое „јуриша“ кон се што е свето во оваа држава, иако досега ниту заедницата ниту било кој од таму не застапувала барање за истополови бракови и за присвојување на деца, посочи Цветковиќ.

-Ова што оваа влада го прави е наспроти демократската логика, покажуваат дека таа форма на заедница е единствениот начин на кој се легитимираат, законски се заштитуваат една категорија на граѓани. Конечно, како краен ефект оваа иницијатива ќе има последици за што ќе ни требаат 20 години за да почнеме да градиме една демократија на љубовта, порача Славчо Димитров од Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on