(ВИДЕО) Андоновска: Соседните држави имаат вакцини против коронавирус, ние последни ќе ги добиеме

Од:

Соседните држави имаат вакцини против корона, а Филипче нема ниту план, земјава последна ќе ги добие вакцините, обвини Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите земји во регионот се посветени и организирани на зачувување на здравјето на граѓаните, само кај нас тоа не е приоритет. Во Србија стигна вакцина и почнува вакцинацијата, а тестови за корона можат да се купат во секоја аптека за 10 евра. Грција и Бугарија имаат вакцини, а Филипче нема ниту план, уште помалку одреден термин кога ќе стигнат вакцините за да започне вакцинацијата. Значи кога речиси сите веќе набавија вакцини и стартуваа со вакцинација против корона, Филипче не знае каде тера“, рече таа.

Прво, додаде Андоновска, Филипче рече вакцина за корона ќе имало на почеток на следната година, за потоа да ја смени изјавата дека тоа ќе се случи во март.

„Вчера веќе објаснува како Македонија била мал пазар па вакцини ќе имало во втората половина на 2021 година. Нема одговори од надлежните за клучните прашања дали, кога и колку дози на вакцини навистина ќе има, како и тоа дали граѓаните ќе имаат избор на различни вакцините кои веќе се употребуваат? Она што ни го кажува министерот за здравство е спротивно од онаа реалност за која постојано ни сведочат граѓаните“, рече Андоновска.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче