(ВИДЕО) Андоновска: Помина една година од владеењето на СДСМ, а 15% покачување на платите на здравствените работници нема

Од:

„СДСМ ветуваше 15% покачување на платите на здравствените работници во првите 6 месеци од мандатот. СДСМ излажа. Програмата на СДСМ и говорите на Зоран Заев пред изборите се само еден памфлет на лаги“, рече Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е фејсбук статус од Зоран Заев, од неговата официјална фан страна од 3 ноември 2016 година, кажа Андоновска.

Тогаш Заев во трка по гласовите на лекарите напиша:

„За квалитетно јавно здравство: Ќе ја покачиме основната плата за 15% на сите здравствени работници до aприл 2017 и ќе ја зголемиме двојно до крајот на мандатот“.

„Помина една година, а 15% покачување на платите на здравствените работници и лекарите НЕМА. СДСМ ги изманипулира лекарите и предизборно ги искористи. Не само што нема покачување, туку и платите во здравството се намалуваат.

Медицинскиот персонал во Клиниката за детска хирургија за месец февруари оваа година доби 4.000 денари пониска плата, додека лекарите од истата клиника добиле 10.000 денари помалку.

Власта бескрупулозно си поигрува со луѓето кои секојдневно се грижат за здравјето на граѓаните и ги спасуваат нивните животи.

Заев дополнително манипулираше со лекарите дека до крајот на мандатот, платите на лекарите специјалисти ќе бидат 100.000 денари. Наместо покачување лекарите добија намалување“, изјави Марија Андоновска.

„Ова е Заев пред изборите во 2016 година, а сега да се вратиме во реалноста, во која СДСМ си поигрува со лекарите и со медицинскиот персонал кој е дефицитарен и за кој државата треба да се бори да го задржи со повисоки и достојни плати и квалитетни услови за работа.

СДСМ покажа дека не се грижи за лекарите. СДСМ само предизборно ги манипулираше граѓаните. Буџетот за здравство оваа година е намален. Со Буџетот наместо покачување на платите на лекарите предвидени е зголемување на трошоците за репрезентација на функционерите од владата за повеќе од 20%.

Додека лекарите преживуваат, за функционерите од власта дојде живот, платен со парите на граѓаните“, додаде Марија Андоновска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање