(ВИДЕО) Андоновска: Филипче со своите изјави создава само паника меѓу граѓаните

Од:

„Ситуацијата со корона вирусот му излегува од контрола на министерот за здравство, Венко Филипче. Наместо смирување на населението и превенција, Филипче со своите изјави создава само несигурност и паника меѓу граѓаните.

Остануваат многу дилеми меѓу населението, а Филипче не прави ништо по тоа прашање.

Министре, нејасно е зошто се обидувате да релативизирате, наместо уште при првата појава на вирусот во Кина, да се подготвите сериозно и да се организирате, како што тоа го прават сите останати држави?“, прашува Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче вели дека има основи материјали, како маски, средства за дезинфекција, но сите луѓе се жалат. Овие основни работи како средства за дезинфекција на раце и соодветни маски кои треба да ги има вообичаено во и пред секоја здравствена установа и кои тој е лично должен да ги обезбеди, ги нема ниту сега?! Зошто министре? Зошто велите дека има, кога нема?

Зошто не се грижите да се набават овие основни средства да ги имаат сите од примарното здравство, матичните лекари па се до терциерното здравство, и болниците?

Зошто сите лица кои работат на граничните премини немаат опрема за заштита?

Како ќе се спроведува дезинфекцијата на јавните места како здравствени установи, јавен градски превоз и слично?

Имате ли министре, евиденција колку лица влегле во државава од најзафатените подрачја со корона вирус преку граничните премини и аеродромите и зошто немате контрола на истите?

Има уште многу прашања, но да почнеме од она што требаше да се знае и да биде уште одамна организирано.

Да имаше контрола на границите сега ќе немаше толку страв и паника кај граѓаните, а надлежните ќе имаа помалку работа. Превенцијата е и поевтина, од лечењето!

Одговори и одговорност треба да има зошто немало контрола на границата, и за тоа одговорен е токму министерот Филипче! Филипче потфрли со организација! На сета неорганизираност ќе се стави крај на 12-ти април“, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски