(ВИДЕО) Андоновска: Дали ЈО презема некакво дејствие во врска со случајот „Инсулин“ ?

Од:

„Министерот за здравство, Венко Филипче во текот на мандатот ќе остане запаметен само по сомнителните тендери и скандали. Тој го призна уништувањето на инсулин со важечки рок на употреба.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ќе го проверува скандалот, поточно дека „ќе преземе дејствија за проверка на потеклото на лекот и процедурата за уништување на инсулинот”.

Почитувани, изминуваат два месеци од обелоденување на скандалот, но ни трага ни глас од институциите. Молк во обвинителството!“, рече Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа прашуваме: Дали Јавното обвинителство презема некакво дејствие во врска со случајот?

Доколку ништо не е преземено, која е причината за чување на предметот во фиока?

Истрагата за случајот Инсулин не смее да заврши со „ЌЕ“.

Народот гледа дека наместо да биде приоритет борбата со криминалот, приоритет на обвинителството е испoлнувањето на политичките нарачки на Заев.

Народот на 12 април ќе стави крај на ваквото однесување и ќе следи Обнова на Македонија“, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче