(ВИДЕО) Андонов: Забележливо е мешање на државата и партијата во изборни цели

Од:

Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека неговата партија најостро го осудува вчерашниот инцидент кога активисти на Демократската партија на Србија биле предмет на притисок и закани како резултат на злоупотреба на полицијата од страна на Спасовски.

– Евидентна е нервозата и стравот кај СДС од изборниот пораз поради што прибегнуваат кон груби прекршувања на изборниот процес, закани и притисоци. Во конкретниот случај злоупотребена е полицијата за партиски цели на СДС и извршен е неовластен претрес и задржување на лицата, а причината за тоа била што активистите на Демократската партија на Србите делеле пропаганден рекламен материјал што претставува редовна партиска активност која е законски загарантирана. Ова значи дека полициските службеници очигледно ги надминале и злоупотребиле своите овластувања, а кон партиските активисти биле изречени отворени закани за нивната политичка активност, рече Андонов.

Тој рече дека бараат итно расветлување на овој инцидент кој се случи во истиот ден кога со смртен исход заврши претходната огнена престрелка во која животот го загуби носителот на советничка листа во Кичево.

– Го потсетуваме Спасовски дека се уште нема расветлување и на инцидентот со искршените штабови на Демократската партија на Србите и на штабовите на ВМРО-ДПМНЕ. Воедно, на терен се случува директно и зачудувачки дрско мешање на државата и партијата, а во изборни цели. Спротивно на закон заменик министерот за животна средина Јани Макрадули партиски агитира и оди од куќа на куќа делејќи пропаганден материјал на СДС, а во изминатиот период од четири месеци на владата на СДС истиот тој Макрадули не реализираше ниту една мерка за заштита на животната средина на која толку многу се повикуваат и им ја нудат на граѓаните, рече Андонов.

Вториот случај е министерот за финансии кој наместо да работи на подобрување на економијата која влегува во рецесија, држи партиски настани во изборни цели заедно со кандидатот за градоначалник Бочварски, вели Андонов и додава дека тоа претставува директно мешање на партијата и државата.

– Забележливо е дека во редовите на СДС се присутен стравот и паниката од поразот кој ги очекува на 15-ти октомври. Тие знаат дека ќе ги загубат изборите и оваа им е последната шанса да го свртат вниманието од големиот пораз кој ќе им го испорачаат граѓаните. Следејќи го однесувањето или неработата на полицијата и исполнувањето на партиските насоки за неосновано поднесување на кривични пријави против кандидати за градоначалници или носители и членови на советнички листи од ВМРО-ДПМНЕ, големиот број на инциденти проследени со убиства, тешки телесни повреди и загрозување на животот и нарушувањата на предизборниот процес, може да заклучиме дека власта на СДС покажува класична неспособност да организира фер и демократски избори. Сите овие инциденти и нарушувања на изборниот процес се производ на нервоза и паника во редовите на СДС. Тие знаат дека поразот од граѓаните доаѓа, рече Андонов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми