(ВИДЕО) Американски државјанин: Царинските власти незаконски ме држеа со часови, ми ја одземаа опремата и ме натераа да платам казна

Од:

Американскиот државјанин Рик Реј преживеал вистински хорор на граничниот премин Меџитлија кога од Грција сакал да ја посети Македонија. Во видеото објавено на Facebook тој ја објаснува целата случка.

Реј ги обвинува царинските и судските власти дека се корупирани, постапуваат надовор од своите овластување и позиции и незаконски му конфискувале дел од електронската опрема којашто ја поседувал (различни фотоапарати, камера и мал дрон).

Според Реј, царинските инспектори било особено заинтересирани за дроновите за снимање кои ги имал со себе и, му кажале дека во Македонија не е дозволено да се поседуваат и внесуваат дронови и таков вид на уреди за снимање дури ниту за приватни цели. Реј понатаму раскажува дека дел од царинарниците биле особено брутални кон него, навредувајќи го што е американски државјанин, дека со Американци треба така и, по околу 6 часа малтретирање на преминиот, како што вели,  му дозволиле да замине во Битола, каде му рекле да ја помине ноќта, а утредента со нивна придружба го спровеле до  Скопје на суд за прекршоци.

Рик Реј од судот за прекршоци бил обвинет дека не ги пријавил своите електронски уреди при влегувањето во Македонија на време, заедно со уште неколкумина други странски туристи.

Од друга страна Реј сепак успеал да ги запише имињата и броевите од службените легитимации на царинските службеници и ги обвинува за корупиција, нехумано постапување и пречекорување на своите овластувањата.

Откако групата туристи била спроведена во Скопје, а меѓу кои и  Американецот Реј, на судот за прекршоци им било пресудено да платат глоба во износ од 500 евра, затоа што не пријавиле на време дека поседува фотоапарати и камери. Платената глоба којашто на крајот морал да ја плати, тој ја нарекува поткуп, по што  му наредиле да ја напуши државата.

Согласно законската регулатива, внесувањето и поседувањето на електорнски уреди од страна на странските државјани за споствени потреби не е забрането, освен за беспилотните летала меѓу кои и дроновите, за кои доколку летаат на висина до 150 метри и на далечина во радиус до 500 метри не е потребна претходна дозвола. За употреба на овие уреди над овие висини, потребна е претходна дозвола од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ).

Од Царинската управа на Македонија, до објавувањето на овој текст не дадоа објасување дали царинските службеници постапиле надвор од своите овастувања и зошто американецот Реј морал да плати глоба.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити